ЛЕТО 2021 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2021 - ТУРЦИЈА
Psakudia - Vila Akakia
Vila Akakia
Villa AKAKIA е бездруго најубаво лоцираниот објект од понудата за Псакудија. Во непосредна близина на морето на 150 m оддалеченост, со убаво уреден двор со сенка од дрвја, вилата Акакиа ја нуди својата слика - како едно од  блиските и идеални места за одмор. Располага со комфорни и убаво уредени апартмани, сите опремени со квалитетен мебел, ТВ, клима уред, тоалет, мини-кујна и балкон. Плажата, околните објекти и ресторани со богата исхрана, ви нудат можност за навистина квалитетно сместување, со ваша сопствена организација на квалитетен и комфорен одмор во Псакудија. Можноста за прошетки низ Ситониа се само мотив повеќе за нејзиниот избор.
  
КАСАНДРА наем МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
студио/апартмани термин 23 30 6 13 20 27 4 11 18 25 1 8 15 22 29 5 12 19
(7 ноќевања) ноќевања 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
AKAKIA "B" (tv, ac) APT1B 2/2SU (4 лица) 176 193 212 222 233 265 280 308 340 340 340 340 340 298 282 248 226 189
Псакудиа APT1B 2/2 (4 лица) 220 241 265 278 291 331 350 385 424 424 424 424 424 371 350 308 280 234
 


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Употребата на клима уред е бесплатна во објектoт AKAKIA (каде што е достапен)
- Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)  
 
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ:
Цена на повратен автобуски превоз:  35 EUR (20 EUR за дете 02 до 12 год.)
Термини за автобуски превоз до СИТОНИЈА (според табелата)
 
Места и време на поаѓање:
- Скопје, во  04.00 ч.  (паркинг спроти хотеl Holiday Inn"
- Велес, во  04.30 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во  05.00 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во  05.30 ч.  (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во  06.00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин) 
 
Поаѓање од Грција: 
- Истите денови попладне
 
ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање, а се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите, треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето-агенцијата. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и во објектот на престој.
* Цените со попуст, важат за резервации со минимум 50% уплата од износот во периодот на попуст.
* При резервација на аранжман е потребна уплата од минимум 2.000 мкд. Останатиот дел од износот (до 50% од цената на аранжманот), треба да се доплати најдоцна до 31.март 2021 година. 
- Доплатата на вкупниот износ од договорената цена на аранжманот, се врши до 3 недели пред датумот на патување. Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето. 
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* Во случај на објавување на т.н. "Last Minute" специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.  
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. 
Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !
 
НАПОМЕНA:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.