ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2020 - ЕГИПЕТ
Skiathos - Vila Vasilis
Vila Vasilis

Куќа „Василис“ е лоцирана во исклучително мирен и убав дел на околу 500 метри од пристаништето. Има убав двор. Студијата и апартманите кои се во приземјето и на првиот кат се со комплетно опремени кујни, ТВ, сопствен тоалет, интернет вклучен во цената и клима, која се доплаќа во објектот 5 евра на ден.

 За целосни уплати до 07 декември 20% попуст

Термин на поаѓање

Број на ноќевања

Цена по лице во 1/2 студио

Доплата за 3 и 4 лице во студио

Доплата за 3 и 4 лице во апартман

Доплата за 3 и 4 лице во дуплекс апп.

1 јуни

10

159

79

89

99

11 јуни

9

179

89

99

109

20 јуни

9

199

99

109

119

29 јуни

9

229

105

115

125

8 јули

9

279

109

119

135

17 јули

9

319

125

135

155

26 јули

9

319

155

175

195

4 август

9

319

155

175

195

13 август

9

319

155

175

195

22 август

9

259

115

125

145

31 август

9

199

99

109

119

9 септември

9

159

89

99

109

18 септември

12

139

79

89

99

Доплата за туристичка такса во Р.Грција, 0,50 € по соба на ден (се доплаќа во објектот)

 

Напомени и услови:

Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари. Истите се по лице за пакет аранжман од 9, 10 или 12 ноќевања со вклучен автобуски превоз на релација Скопје - Волос (пристаниште) -Скопје, карта за траект Волос – Скијатос – Волос и трансфер до куќите

Трето и четврто лице доплаќаат во студио/апартман или дуплекс апартман според ценовникот  во табелата 

Дете од 2-6 год,бесплатно сместување, плаќа само превоз 4.030мкд. (65 евра), деца од 6-12 години добиваат 15% попуст на цените од табелата за 3то и 4то лице  

За аранжман со сопствен превоз се одбива 2.790мкд. (45 евра) за возрасни или деца

Термините во табелите се денови на тргнување од Скопје во 23.00 часот, состанок на групата во 22.30 часот (на паркингот спроти хотел “ Холидеј Ин”). Поаѓањето од Велес е во 23.30ч од б.п Макоил, кај мотел Македонија, аранжманот започнува следниот ден

Во случај на промена на времето на тргнување на траектот од Волос  до Скијатос и обратно, агенција го задржува правото на промена на програмата

 

Автобуски превоз без аранжман по лице

Возрасни 6.820мкд. (110 евра)

Деца до 12 години 4.030мкд. (65 евра)

 

За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман 

а хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите

агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на самата агенција.  

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ.