ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Хотели на закуп - Porto Matina 3* - Metamorfosi
Porto Matina 3* - Metamorfosi

Локација: Грција / Халкидики / Ситонија / Метаморфози
Хотелски содржини: рецепција, сеф,ресторан, бар, градина, ресторан (ala–cart), детско игралиште, пинг – понг, rent a car, бежичен интернет, факс, фотокопир, паркинг
Опис: Хотелот се наоѓа на самото крајбрежје на Метаморфози, на неполни 50 m од песочна плажа опремена со лежалки и чадори за сонце. Хотелот располага со, игралиште за деца бар на плажа, ресторан во кој се служат локални специјалитети и се организират традиционална грчка вечер со традиционална музика. Во хотелот се дозволени домашни миленици до 10 kg.
Сместување: Сите соби се опремени со TV, клима уред фрижидер и балкони со поглед на море.
Плажа: на плажа, 100m од центарот на градот
Спорт и забава: пинг – понг, детско игралиште
Услуга: полупансион (појадок и вечера) 

* Во основните цени не се пресметани попусти. Цената со попуст за рани резервации е дадена во редот под основната цена (со црвена боја)
* За резервација потребна е уплата од мин. 30% од вкупната цена, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 15 дена пред почетокот на аранжманските услуги 
 *** (Освен за резервации во РАН БУКИНГ, кога условите се дефинирани поинаку, според забелешката подолу) ***

Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПО ПРИЛОЖЕНИТЕ УСЛОВИ ЗА РАН БУКИНГ ПОТРЕБНА Е НЕРЕФУНДАБИЛНА УПЛАТА ОД 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ, А ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА СЕ ВРШИ НАЈДОЦНА 2 НЕДЕЛИ (15 ДЕНА) ПРЕД ДАТУМОТ НА ВЛЕЗ ВО ХОТЕЛ. 

Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервација (имиња, број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената, освен во ситуации кога организаторот писмено ќе дозволи поинаку.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга во термин со 7 ноќевања, според табелите во ценовникот. 
* Трошоци за организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Превоз до избраниот хотел во Грција (на барање, со доплата, може да се организира превоз до хотелите)
* Задолжително патничко осигурување.
* Услуги како бесплатно користење лежалки и чадори на плажа итн. не се вклучени во цена, освен ако е наведено поинаку во подеталните описи на хотелот
 * Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци....

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
 * Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО. 

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 35 € ; 25 € (деца 02-12г.) 

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

Туристичка такса за престој се плаќа директно во хотел:
- 5* хотели: 4 € од соба од ноќевање
- 4* хотели: 3 € од соба од ноќевање
- 3*хотели: 1.50 € од соба од ноќевање
- 1 & 2* хотели: 0.50 € од соба од ноќевање

Легенда:

DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL - еднокреветна соба, APP - апартман, Family - фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV - поглед на парк, SV - поглед на море,  tv - телевизор, fr - ладилник (фриждер), ac - клима уред, BB - ноќевање со појадок, HB - полупансион (појадок и вечера), AI - (all inclusive) се вклучено.