ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - БАЛИ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Париз

24.aприл (среда)   СКОПЈЕ - ПАРИЗ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 16:00 часот. Полетување за Париз во 18:00 ч. Пристигнување во Париз на аеродромот “Бове” во 20:55 часот. Трансфер и сместување во хотел. Сободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

25.aприл (четврток)  ПАРИЗ

Појадок. Панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња... слободно време за индивидулани активности,прошетки или шопинг низ познатата улица Риволи и галеријата “Lafayette или  Факултативно- посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.)и крстарење по реката Сена од каде ќе имате можост да ја набљудувате преркасната панорама на градот од поинаква перспектива. Вечерта,можност за прошетка до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд. Ноќевање.

26.aприл (петок)   ПАРИЗ - ЛУВР

Појадок. Слободно време за индивидулани активности и прошетки, или полудневен факултативен излет до најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”... како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен... (одење и враќање со метро). Попладнето можност за прошетка низ уметничкиот кварт Монтмартр, со посета на катедралата Сакр Кер од каде се пружа најубавиот поглед на Париз... прошетката продолжува низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”.… Ноќевање.

27.aприл (сабота)   ПАРИЗ - ВЕРСАЈ 

Појадок. Полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви... Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата... како и градината со многубројните фонтани, скулптури и алеи со прекрасни фигури од зеленило. Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, Луксембуршките градини. Ноќевање.


28.aприл (недела)   ПАРИЗ – ДИЗНИЛЕНД- СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидулани активности или можност за посета на најпознатиот забавен парк “Дизниленд” Трансфер до аеродромот “Бовез” во 16:20ч. Лет за Скопје во 21:30ч Пристигнување во Скопје после полноќ наредниот ден во 00:10ч.

 

Цена на аранжманот: 

“BASIC”

389 €

основен пакет

“STANDARD”

405 €

со вклучен разглед на Париз

“SUPERIOR”

529 €

со вклучени разгледи на Париз, Версај , Лувер, Сена , Ајфелова Кула

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
-Авионски превоз на релација: Скопје - Париз - Скопје (со Wizz Air)
-Мала кабинска торба (40x30x20), максимум 10кг.
-Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром - хотел – аеродром
-Сместување во хотел “Hotel Ibis Paris Gennevilliers 3*, на база 4 ноќевања со појадок
-Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-Аеродромски такси во Скопје и Париз (60 €)
-Организиран панорамски разглед на Париз (25€)
-Задолжително Патничко осигурување 180,00мкд
-Пријавен багаж до 20кг – 2850мкд по правец
-Пријавен багаж до 32кг – 3500мкд по правец
-Факултативна посета на Ајфелова кула: (€)
-Факултативно крстарење по Сена (15€)
-Факултативна посета на Лувр, водич и влезница (37€)
-Посетата на Версај, превоз, водич и влезница: (60€) *резервација и уплата при продажба
Превоз со метро
Доплата за 1/1 соба 125€ 

НАПОМЕНИ: 
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ