LAST MINUTE ЛЕТО 2019
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Авионски Програми - Амстердам 12.10-15.10
Амстердам 12.10-15.10

11 ти ОКТОМВРИ

АМСТЕРДАМ
(авионска програма)
Цена на аранжманот за уплата до 15 Август – 24.120 ден. (389 € )


Ветерници,лалиња,кломпи,Хајнекен,Ајакс... се се тоа познати работи по кои надалеку се познати Амстердам и Холандија.И секако не само по тоа... Град кој го добил своето име по реката Амстел или можеби по истоименото најпознато пиво).
Лежи на повеќе од 150 канали кои се поврзани со околу 1300 мостови,па многу го споредуваат со Венеција. Каналите се заштитен знак на Амстердам и еден од причините зошто овој град го нарекуваат Северна Венеција.Многу посетители се зачудени од количината на вода во самиот град.


12.10.2019 СКОПЈЕ – АМСТЕРДАМ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.00 часот. Авионот за Ајндховен полетува во 05.55 слетува во 08.45 часот. Организиран трансфер од Ајндховен до Амстердам. Средба со водичот и разглед на Амстердам (комбинирана тура –(пешачка + автобус):Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пивница Хајнекен, Новиот градски кварт.Планирана е посета на фабриката за дијаманти (прошетка низ работилницата и разглед на начинот и методите на обработката на дијамантите).После посетата можност за факултативно крстарење со брод по многубројните канали од каде на посебен начин можете да ја доловите и доживеете убавината на градот и неговата обоеност,особено во вечерните часови кога градот едноставно почнува да живее до раните утрински часови. Ноќевање.
 
13.10.2019 АМСТЕРДАМ - ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА
Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус: ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА Сликовотито гратче Делфт – познато по порцеланот и сликарите, Ротердам – модерен град и едно од најголемите светски пристаништа, Шевенинген, Ден Хаг – холандска административна престолнина на Холандија. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.
 
14.10.2019 АМСТЕРДАМ – МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА
Појадок. Факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА на традиционално село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се гледа: познатите ветерници, работилници за традиционалните кломпи, порцелан, сирење... Патот продолжува за Volendam, рибарско градче на езерото ЕЈ. После враќањето во Амстердам,можност за индивидуални активности и прошетка низ градот.Ноќевање.
 
15.10.2019 АМСТЕРДАМ - СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 09.30 часот, пристигнување во Скопје во 12.05 часот на аеродромот Александар Велики.
 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Ајндховен-Скопје
  • Кабински багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 55х40х23см)
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Амстердам
  • Организиран разглед со локален водич
  • Три ноќевања со појадок во Hotel King’s Court Amsterdam 3* https://www.hotelkingscourt.nl/en/index.html
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 2.500 денари
  • Доплата за чекиран багаж - куфер со максимум 20kg 4.500 денари / куфер со максимум 32kg 5.600 денари
  • Голема Холандска Екскурзија 70 евра
  • Мала Холандска Екскурзија 50 евра
  • Крстарење по каналите на Амстердам 15 евра
  • Туристичка такса 9 евра (по 3 евра од ноќ)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превозж
  • Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За реализација на овој аранжман е потребен минимум од 20 патници
  • За реализација на факултативите потребен минимум од 20 патници
  • Резервација се прави со копија од пасош и авансна уплата од 30% (важи и за цената во предпродажба) од цената на аранжманот
  • Пасошот треба да важи минимум 180 дена од завршување на патувањето
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.