Нова Година 2024 во СОКО БАЊА
31.12-02.01.2024
ПРОМО Цена за уплати до 20.11
Хотел Бањица -259 евра (16.060,00 мкд)
Вила Александра 1 и 2 - 239 евра (14.820мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
Хотел Бањица -279 евра (17.300,00 мкд)
Вила Александра 1 и 2 - 259 евра (16.060,00 мкд)
Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини – од север планина Ртањ на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.
Природни и лековити фактори во Сокобања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал
Хотелот Бањица се наоѓа во мирниот дел на Соко Бања, во близина на бањскиот парк и атрактивните пешачки стази на почетокот на кањонот на реката Моравица и на 15мин.пешачење до центарот на Сокобања.
Вила Александра 1 и 2 е лоцирана на 100м од центарот на Сокобања и на 400м од х.Бањица. Сите студиа располагаат со сопствен тоалет, кујна, кабловска ТВ, интернет, тераса и централно подно греење
Програма на патување: 31.12-02.01.2024
31.12.2023 (Недела) Скопје-Сокобања
Состанок на групата на паркингот на ВИП Хотел во 05.30часот. Поаѓање за Сокобања во 06.00часот. Се патува преку Табановце со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
Пристигнување во Сокобања. Сместување во Хотел Бањица / вила Александра, кој е сместен во прекрасна борова шума, на 15мин пешачење до центарот. Краток одмор, по што заминуваме на организирана прошетка низ поширокиот центар на Сокобања со локален водич (Милошев конак, турско купатило, црквата Св.Преображение..). Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за одмор.
Вечерта дочек на Новата Година со забавна музичка програма и богато мени.
Ноќевање.
01.01.2024-(Понеделник) Сокобања
Појадок. Организирано дружење во центарот на Соко бања (“Башта отвореног срца”).
Враќање во хотел. Ручек.
Слободно време за индивидуални активности или можност за посета на термалните базени во Соко Терме.
Вечерта организирана свечена вечера во хотелот.
Ноќевање.
02.01.2024-(Вторник)-Сокобања-Скопје
Поајадок. Во 10.00час одјавување од собите. Слободно време за индивидуални активности.
Во 12.00час. поаѓање кон Македонија.
Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Цената на аранжманот вклучува:
*Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
*2 ноќевања со појадок, ручек и вечера
(Патниците кој се сместени во Вила Александра 1 или 2, сите оброци и дочекот на Новата Година ќе бидат организирани во х.Бањица) https://www.vilaaleksandra.com/
*Две свечени вечери на 31.12 и на 01.01, со богато мени со музичка програма, трубачи и лутрија
*Неограничени домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци на 31.12
*Организирано дружење во центарот на Соко Бања
*Организација и придружник на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
*Здраствено и патничко осигурување (200мкд)
*Индивидуални трошоци (групна влезница за во термалните бањи 800динари)
Мени за свечена вечера:
31.12- Новогодишна закуска, пита со павлака, шницла “Бањица”, свинско и јагнешко печење, салата од свеж зеленчк, новогодишна торта
01.01-Ордевер “Бањица”, похован кашкавал со татар сос, 3 парчиња месо на скара, салата од свеж зеленчук, баклава или тулумба
Попусти:
Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Пасошот или личната карта треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето