ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Сандански

(02.03.2019 – 03.03.2019)

 

Прв ден: 02.03.2019 (сабота)

04.30 часот Поаѓање  на групата од Скопје  во договореното време. Се патува преку Струмица и Петрич. Пристигнување во Сандански во претпладневните часови. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Сместување во хотел „Sveti Nikola“ 3*** (https://hotelsvetinikola.com/). Одмор и користење на спа центарот: внатрешен базен со минерална вода, сауна, парна бања, римска бања, турска бања. Вечерта организирана вечера со музика во ресторанот на хотелот (факултативно). Ноќевање.

Втор ден: 03.03.2019 (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон селото Златолист, надалеку познато по легендата за животот на преподобна Стојна, духовната учителка на баба Ванѓа. Посета на црквата „Свети Ѓорѓи“ - изградена е во 1857 година, а исцртана  во 1957 година на специфичен начин, нетипичен за една црква: на едниот ѕид се гледа до половина гола жена, а на другиот ѓавол кој впрегнал човек. На една од иконите може да се забележи и светец со глава на коњ. Илјадници туристи кои ја посетуваат црквата влегуваат во неа и ги оставаат чевлите на мраморна плоча за која се верува дека лекува, исто како што лекувала и преподобна Стојна. Според легендата, Стојна ослепела на седум годишна возраст, а кога имала 16 години на сон и се јавил Свети Ѓорѓи и и нарачал да замине во селото Златолист и да копа во дворот на црквата „Свети Ѓорѓи“ каде ќе ја најде неговата икона и кандило. Така и се случило, а потоа жителите на тоа место изградиле мал пераклис каде Стојна останала да живее како монахиња се до својата смрт во 1913 година. Старите лица во селото тврдат дека се случувало таа многупати да го напушта своето тело и да биде мртва по неколку дена, а потоа одеднаш да стане и да започнува да раскажува за она што и се случувало за време на своето вонтелесно патување.  Во дворот на црквата се наоѓа јаворово дрво старо 1300 години; се верува дека ако застанете под неговата крошна ќе Ви исчезнат болките. На дрвото се врзани две лулки - секој кој има молба кон светицата треба да се полула на нив. Во дворот се наоѓа и кладенец на желби, па секој кој има некоја желба треба само да се наведе над него и го прошепоти барањето над живата вода. Во негова близина се наоѓа и гробот на преподобна Стојна. Слободно време за разгледување на црквата. Заминување кон Македонија во попладневните часови. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

               

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........49 евра (3.040 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Едно ноќевање со појадок во хотел  „Sveti Nikola “3***  во Сандански
  • Организација на патувањето и туристички придружник

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Празнична вечера со музика-15 евра
  • Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници