ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Белград

 термин: 08.03 - 2ноќи | 85 / 5.270мкд

Празнична понуда

Термин: 08 Март 2019 | 3 дена / 2 ноќи | Автобус

Сместување во хотел SRBIJA 3*со појадок | свечена вечера | разглед на градот со водич | посета на Ушче


 ОПИС на ХОТЕЛОТ СРБИЈА 3*

Хотелот се наоѓа во областа Шумица на само 5km од центарот на градот. Има одлична поврзаност со центарот на градот со градски превоз. Располага со 302 дво и трокреветни соби со вкупно 650 легла на 17 ката каде се наоѓа и еден од рестораните каде се служи појадокот со прекрасен поглед на целиот град. Комплетно е реновиран во 2005 година. Секоја соба има ТВ со сателитска, минибар, клима, Wi Fi интернет-бесплатен, голем лоби бар, рецепција. 


Опис на програмата

1ден / 08.03 (петок) ШТИП - ВЕЛЕС - СКОПЈЕ - КУМАНОВО - БЕЛГРАД
Поаѓање од Штип во 00:30 часот (пред Стадионот - нова пошта). Од Велес во 01:15 часот (бензиска Макпетрол - кружен тек на влезот во Велес). Од Скопје во 02:00 часот (пред VIP хотел наспроти Саем). Куманово 02:45 часот (бензиска Макпетрол-автопат). Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 10 часот. Организиран панорамски разглед на Белград со водич со посета на: Црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, куќата на атрактивната балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, потоа атрактивниот дел на градот - Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица - Кнез Михајлова. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или индивидуална прошетка. Ноќевање.


2ден / 09.03 (сабота) БЕЛГРАД  (посета на Ушче)
Појадок. Во 10:30 се упатуваме кон трговскиот центар Ушче. Слободно време за кафе, шопинг, прошетка... Во договореното време враќање во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта организирана свечена вечера на најгорниот кат во ресторанот на хотелот (17-ти кат) со музика во живо, неограничени пијалоци. Ноќевање.                                  


3ден / 10.03 (недела) БЕЛГРАД (Нови Сад)  МАКЕДОНИЈА
Појадок. После појадокот одјавување од хотел.  Организиран факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина… Во попладневните часови враќање во Белград околу 16 часот. Пристигнување во вечерните часови.


Цена на аранжманот: 85€ / 5.270мкд

Доплата за SNGL соба +1.240мкд / трет возрасен 4.990мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз на наведената релација со туристички автобус;
- разглед на Белград со водич;
- 2 ноќевања со појадок  во хотел Srbija 3* во Белград;
- организација и реализација на патувањето со придружник;
- свечена вечера на 09.03 (музика во живо, салата, главно јадење, десерт);
- посета на шопинг центар Ушче.


Во цената на аранжманот не е вклучено:

- туристичка такса 1,5€ на вечер по лице (се плаќа во агенција);
- здравствено патничко осигурување - 100мкд по лице (без франшиза) - НЕ е задолжително!
- факултативна посета на Нови Сад 10€ (мин 35 пријавени, се плаќа на лице место).


Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е мининум од 45 патници.
За овој аранжман, може да се патува и само со лична карта.
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на факултативите како и отказ на аранжманот за НЕдовлно пријавен број на патници.