SKI OPENING КОПАОНИК
ЛЕТО 2023 - ГРЦИЈА
Истанбул

ДЕКЕМВРИ ВО ИСТАНБУЛ   / 07.12.2022 – 12.12.2022 / 6 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА

ПРОГРАМА

 

07.12.22 - Скопје

Состанок со групата во Скопје. Поаѓање кон Истанбул. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

08.12.22 Истанбул (Султанахмед плоштад | Капали Чаршија | Вечера на брод)

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за сместување во хотел по можност, во спротивно се оставаат само куферите. По кратка пауза се упатуваме во посета на Султанахмед плоштадот каде ќе имаме мозжност да ги  видиме Хиподромот, Сината Џамија, Аја Софија и Топ Капи. Можност за попатна посета на Капали Чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриенa улицa и над 3000 продавници коишто привлекуваат од 25.000 до 40.000 туристи дневно. Цените во Капали Чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види само како значаен локалитет во Истанбул. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта, факултативна вечера на брод (4 часовноноќно крстарење со брод + трансфер). Mузичка програма (фолк танци /традиционални церемонии /ориентални танчарки), јадење и неограничени безалкохолни и алкохолни пијалоци. Враќање во хотел.  Ноќевање.

09.12.22 Истанбул (Балат |Крстарење по Босфор | Долма Бахче Сарај)

Појадок. По појадокот, слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативна посета на шарената филмска населба „Балат“ чии улички ги има на многу познати филмови, кои најубави фотографии се прават во ова населба. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Во склоп на факултативата се посетува железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски и велешкиот митрополит Малетиј, се посетува „Вселенска патријаршија“, а по посетата групата има слободно време за прошетка по уникатните историски улички. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат прекрасни доживувања. Едно од иконите и најфотографираните места во Истанбул се куќите во улицата Киремит. Куќи насликани со пастел кои создаваат жива улична сцена. Тоа е толку тивка и релаксирачка област за престој, помеѓу локалното население, далеку од зафатениот град. Следи факултативно крстарење со брод по Босфор. Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел... прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул. На крај завршуваме со Долма Бахче Сарај - првиот дворец кој бил изграден во Османлиската империја и кој до 1922 година служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 година во него живеел Кемал Ататурк. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средина на 19 век. Се во палатата зрачи со лукскуз поради исклучително вредни и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик - дел за мажите и Харем - делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација, Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Денеска е претворена во музеј кој содржи уметничко-историски збирки со непроценливо богатство. ). Враќање во хотел. Попатно застануваме во  продавница за да можете да купите оригинална  турска баклава, локум, кафе и по некој сувенир. Слободно време.  Ноќевање

10.12.22 Истанбул (Азиски дел | Сафир Сеир Тераси | Таксим)

Појадок. Следи факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул.  Ускудар: еднa од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем).Во непосредна близина на брегот на Ускудар  се наоѓа  Моминската кула Кузгунџук е населба во областа Ускудар на азиската страна на Босфорот во Истанбул, Турција. Соседството е центрирано на долината што се отвора кон Босфорот и е донекаде изолирано од главниот дел на градот, опкружено со природни резервати, гробишта и воена инсталација. Тоа е тивка населба со улици обложени со антички дрвени куќи. Кузгунџук се граничи на север со Бејлербеј, на исток со Бурханије, на југ со Икадије и Султантепе, а на запад со Босфор. Од другата страна на Босфорот е Бешикташ. Бејлербеј: прекрасно место покрај самиот Босфор. Место со многу рибни ресторани. Место каде се снимени бројни турски серии. Дом на Бејлербеји палатата. Слободно време  Вечерта, факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), највисоката зграда во Европа од 261 метар. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар. На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4D проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер, можност да се почувствува сјајот на Борфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ Капи Палатата, Брилијантната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, Плоштадот Таксим, Истаклал Улицата.Сето ова можете да го доживеете во четири димензионалното кино во Сафир Сеир Тераси. Посета на ТАКСИМ, еден од најпознатите плоштади во градот, од каде започнува добро познатата улица Истиклал, долга околу 1,5 километри, за која се смета дека во текот на неработните денови ја посетуваат околу 3.000.000 луѓе. Враќање во хотел. Ноќевање.

11.12.22 Истанбул (Turquazzo аквариум |FORUM )

Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на трговски центар – Форум, каде што после шопингот можете да уживате во прекрасниот поглед. Во склопот на трговскиот се наога и аквариум каде има голем број на морски животни. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 129 €

 

Во цената на аранжманот е вклучено :

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел  во Истанбул - 3 ноќевања со појадок;
  • Пешачка тура ( Сина Џамија; Аја Софија, Хиподром, Капали Чаршија )
  • Посета на трговскиот центар Форум;
  • Професионален туристички придружник од агенцијата;
  • Организација и реализација на програмата;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Крстарење по Босфор+ Балат - 30 €;
  • Посета Долма Бахче Сарај + харем - (превоз со автобус + влезница + локален водич) - 30 €;
  • Пакет - Азиски дел + Saphire Seyir Terasi + Таксим- (влезница за 4D + локален водич) + Таксим - 50 €;
  • Вечера на брод ( 3 часовно ноќно крстарењесо музичка програма, јадење и  неограничено пиење + трансфер )
    50 € со алкохолни пијалоци / 40  € безалкохолни пијалоци
  • Посета на аквариум - 20€;
  • Патничко осигурување ( задолжиелно);

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 50% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 180 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ