ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2021 - ТУРЦИЈА
Canj - Pearl Beach Resort 4*
Pearl Beach Resort 4*

https://pearlbeachresort.me/me/

PEARL BEACH RESORT 4* е атрактивен туристички комплекс, сместен на самата обала во Чањ помеѓу Петровац и Бар. Хотелот се наоѓа на 600 метри од центарот на Чањ.

Плажа и базенски комплекс

Ресортот е лоциран на сама плажа, се простира на преку 120 000m2. Природниот амбиент е нешто што Pearl Beach Resort го прави единствен на Црногорското приморје.

Хотелската плажа се простира на 600 m и е покриена со ситен песок по кој целата населба го добила името Бисерна Обала (Pearl Beach)

На самата обала, која исто така е дел Pearl Beach Resortot, се наоѓа базенскиот комплекс на површина од 2000 m2. Гостите на ресортот можат бесплатно да ги користат сите содржини, кои се прилагодени за деца и возрасни. Она што го прави посебен е локацијата, која е на сама плажа и која нуди можност да уживате во мирен и пријатен амбиент и преубав поглед на море.

Базенот за деца (50m2) за најмладите гости нуди можност за коирстење на дополнителни анимациски атракции. Може да го користат мини Aqua паркот со тобогани, кој е составен дел од комплексот.

 

Спортоско-рекреативни активности

 За љубителите на спорт има фитнес сала која може да се користи секој ден од 08:00-19:00 часот. Освен салата, има и терени кои гостите може да ги користат бесплатно.

Ресортот располага и со сали за масажа кои се достапни за гостите со претходна резервација и со доплата.

 

ТИП НА СОБА

01-05-30.05

25.09-10.10

31.05-27.06

14.09-24.09

28.06-11.07

24.08-13.09

12.07-23.08

Стандард соба 1/2 ALL

41€

48€

60€

67€

Супериор соба 1/2 ALL

 (макс. 4 возрасни лица)

44€

51€

62€

69€

Апартман во Вилата 1/4 ALL

46€

55€

67€

74€

Супериор Апартман со поглед на море 1/4 ALL

46€

58€

69€

76€

Hills - поранешен Крушичи 1/3 ALL

37€

46€

56€

64€

Budget room - 16m2 ALL (макс. 2 возрасни лица)

37€

44€

53€

62€

 

Цените се дадени по лице по ден на услуга ALL INCLUSIVE!

Чадорите и лежалките на плажа се бесплатни, како и лежалките на 3 отворени базени и Аква паркот!

 

Напомени:

- За III и IV кревет во соба/апартман, се одобрува 30% за возрасен.

- Деца од 0-2 години имаат бесплатна услуга

- Деца од 2-12 години добиваат 50% попуст доколку престојуваат со двајца возрасни

- За еднокреветна соба се доплаќа 70% од сумата

- Доколку во 1/2 соба престојуваат еден возрасен и едно дете, во тој случај детето добива 20% попуст

- Доколку во соба престојуваат еден возрасен и две деца, во овој случај двете деца добиваат 30%

- Доколку во Superior соба или Hills (1/3) четвртата личност е дете, има гратис услуга

- Апартманите 1/4 може да се продадат за минимум 3 возрасни лица или 2 возрасни и 2 деца

- Супериор и стандардните соби имаат можност за поглед кон море, доплатата изнесува 5 евра по лице од ден

- Доплатата за детско креветче изнесува 5 евра од ден

- Паркингот е бесплатен за гостите на хотелот

- Hills (поранешен Крушичи) не е предвиден за повозрасни лица, бидејќи нема лифт

- Супериор собите (24-32m2) може да бидат двокреветни, трокреветни, четирикреветни или петокреветни

- Стандардната соба е предвиден за максимум 3 возрасни (француски + дополнителен лежај)

- Апартманите во вилата може да бидат со кујна (на барање)

- Супериор апартманите се наоѓаат во објектот на самата обала и сите имаат поглед на море, додека Hills имаат поглед на море или се ориентирани кон море (нема доплата за sea side/view)

 

Во цената е вклучено:

- Ноќевање на услуга All Inclusive

- Бесплатни лежалки и чадори за сонце на плажа, покрај базените и аква паркот

- Бесплатен паркинг

- Детско игралиште и мини клуб

 

Во цената не е вклучено:

- Туристичка такса

- Патничко осигурување

- Превоз

 

ОПШТИ УСЛОВИ:

- За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.

- Цените се дадени за наем на соба во евра, плаќањето е во денари (1 еур = 62 мкд.)

- Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка  и онлајн уплата на нашата веб страна

 - Задолжително патничко осигурување – може да се купи во агенцијата

- Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата

- Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патникот

- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта 

- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

- Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ