ЛЕТО 2023 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2023 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2023 - ТУНИС
ЛЕТО 2023 - ШПАНИЈА
Милано

Распостранет во рамнините на областa Ломбардија, Милано е втор по големина град во Италија, познат по уметноста, модата, шопинг и храна. Основан од Kелтите, Милано бил главен град на Западната Римска Империја, а потоа бил управуван од Шпанци и Австријци. Многу прочуени артисти се привлечени токму во Милано од фамилијата Сфорца, а еден од најпознатите е Леонардо да Винчи. Во 19 век Милано станува оперски центар познат со автори како Росини, Белини, Верди и Панучи. Има многу знаменитости, но ќе издвоиме дел од нив – операта Ла Скала и ремек делото „Тајната вечера”, миланската Катедрала, трговскиот центар Виктор Емануел, замокот Сфорца. Денес Милано претставува светски центар на модата, која освен за шопинг-терапија, градот го претвора во избор број 1 за оние кои ја ценат модата, богатите и луксузните барови и ресторани. Во Милано италијанските дизајнери ја демонстрираат својата креативност не само на подиумот, но и во отворањето ултрамодерни ресторани и барови како „Just Cavalli”, „Armani Nobu Bar”, „Trusardi”, „Gucci café”, „Bvlgari Hotels&Resorts”, „Dolce&Gabbana Restaurant”. Спојката помеѓу овие неверојатни знаменитости и гламурот кој се протега низ градот го прават Милано дестинација која МОРА ДА СЕ ПОСЕТИ !!!!

 

08.03.2023 (среда) Скопје – Милано

Состанок на групата во 16:25 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје. Полетување кон Милано во 18:25 часот. Слетување во Милано во 20:35 часот. Трансфер од аеродромот во Малпенса до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

09.03.2023 (четврток) Милано

Појадок во хотел. По појадокот следува разглед на градот: Миланската катедрала и плоштадот Дуомо, операта Скала, галеријата Виторио Емануеле II и замокот Сфорческо. Слободно попладне за шопинг или прошетка низ улиците Виторио Емануеле, Монтенаполеоне, Торино, Спига. Индивидуално враќање во хотел со метро. Ноќевање.

10.03.2023 (петок) Милано – Комо - Лугано

Појадок во хотел. По појадокот следува факултативен излет до монденското гратче Комо (52км). Одејки по малите улици низ Комо го разгледуваме стариот дел на градот и плоштадот Волта, катедралата во Комо – Дуомо. Овде се наоѓаат вилите на дел од познатите личности во светот, како Џорџ Клуни, Ероз Рамазоти итн. Слободно време за индивидуални прошетки и можност за факултативно крстарење по езерото. Потоа се упатуваме кон Лугано, гратче во Швајцарија кое лежи на брегот на езерото Лугано, под швајцарските Алпи. Го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Ќе имате можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија - Parco Civico и монденската шопинг улица – Наса. Во вечерните часови враќање назад во хотел. Ноќевање.

11.03.2023 (сабота) Милано – Верона - Сирмионе

Појадок во хотел. По појадокот следува факултативен излет до Сирмионе и Верона. Пристигнување на езерото Гарда, најголемото езеро во Италија. Природната убавина, благата клима и медитеранската вегетација ја прават Лаго ди Гарда омилена дестинација за туристите од целиот свет. Разглед на живописниот град Сирмионе, кој е поврзан со јужниот брег на езерото со долг земјен насип. Уникатниот шарм на стариот центар на градот, формиран околу средновековната тврдина на лордовите на Верона, семејството Скалигери, е надополнет со бројни слаткарници во кои можете да пробате некои од најдобрите италијански сладолед. Во непосредна близина се наоѓаат остатоците од најголемата и најважна римска вила на северот на Италија, која, според легендата, му припаѓала на познатиот поет Катул (не е предвидена групна обиколка на урнатините, туку само индивидуална). Во договорено време се упатуваме кон Верона. Пристигнување во Верона во попладневните часови. Разглед на Верона: Палата Барбиери, Плоштадот Бра, покрај Арената, движејќи се преку познатата улица Мацини, се до плоштадот Ербе. Посета на куќата на Јулија. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време враќање кон Милано.Ноќевање.

12.03.2023 (недела) Милано – Скопје

Појадок.Одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за трансфер до аеродромот Малпенса. Полетување од Милано во 21:45 часот. Слетување во Скопје во 23:45 часот.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 429 € (26.598 мкд.) 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Милано Малпенса – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • Аеродромски такси;
  • Мала кабинска торба до 8кг (40x30x20cm);
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување во  хотел 3* на услуга BB;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Туристичка такса 4 € по лице на ноќ - се плаќа во агенција;
  • Посета на Комо и Лугано– 80 €
  • Посета на Верона и Сермионе -  80 €
  • Патничко осигурување;
  • Билети за јавен превоз.

 

ВАЖНО : Пријавување на факултативи во агенција

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 25 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ