ОСМИ МАРТ ВО ЉУБЉАНА

Со вклучена влезница за концертот на Andrea Bocelli

(05.03.2020 – 09.03.2020)

ЗА ОВОЈ АРАНЖМАН СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ВЛЕЗНИЦИ ЗА ВТОР АВТОБУС !

Прв ден: 05.03.2020 (четврток)

18:00 часот Заминување на групата од  Кавадарци и во 20:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 06.03.2020 (петок)

Пристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Сместување во хотел „Park“ 3*** во центарот на Љубљана во двокреветни соби (www.hotelpark.si). Краток одмор од патувањето. Потоа разгледување на Љубљана со локален туристички водич: Симболот на градот-Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Прешерневиот Споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн... Слободно  попладне за индивидуални  активности. Ноќевање.

Трет ден: 07.03.2020 (сабота)

Појадок. Заминување на групата (факултативно) на целодневен разглед на Блед, бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природата опкружено со планинските врвови. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во  кафе и  познатите бледски кремпити. Факултативно, можност да се возите со традиционален чамец-плетно по Бледското Езеро до единствен природен остров во Словенија. Тука можете да ја посетите барокната Црква „Света Марија“ во која се наоѓаат одлично сочувани фрески , како и да заѕвоните за среќа и исполнување на желбите на прочуеното„Ѕвонче на желбите“, изградено 1534 година во Падова  кое  со својата атракција привлекува многу туристи. Потоа заминување кон сликовитите Алпски предели на Бохињското Езеро. Слободно време за прошетка покрај езерото, камениот мост и Црквата на Свети Јован Крстител. Во попладневните часови враќање во хотелот во Љубљана. Организирано заминување кон Арената „Stozice“ каде ќе присуствуваме на музичкиот спектакл- концертот на италијанскиот тенор Andrea Bocelli, кој по четири години и се враќа на оваа публика. Неколкучасовно уживање во најубавите љубовни балади кои се дел од репертоарот што по повод Меѓународниот Ден на жената ќе биде прилагоден токму за дамите. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Четврти ден: 08.03.2020 (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........209 евра (12.960 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок во хотел „Park“3*** во Љубљана

- Влезница за концертот на  Andrea Bocelli

- Локален туристички водич  за разглед на Љубљана

- Организација на патувањето и туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Факултативен излет до Блед и Бохињ со локален водич-15 евра

- Доплата за еднокреветна соба - 46 евра (за двете ноќевања)

- Туристичка такса во Љубљана (се плаќа на рецепција во хотелот) – 3,13 евра по лице од вечер

- Патничко осигурување

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници