ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2020 - ЕГИПЕТ
Athos - Vila Evgenia - Jerisos
Vila Evgenia - Jerisos

-15% попуст за целосна уплата до 27.12.2019

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики, на третиот крак Атос. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота.  Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос  се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami. Вилата „Evgenia“ се наоѓа на само 20 од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата, сите се комплетно нови, прва година се во употреба и имаат целосно нов мебел. Сите  имаат комплетно опремени кујни со електрични шпорети со рерни и фрижидери со одделни комори за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената (петкреветните дуплекс апартмани имаат телевизори и клими во секоја спална соба). Сите сместувачки капацитети имаат по две тераси со поглед во дворот на вилата или со поглед на улица. Постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Во вилата е забрането внесување на домашни миленичиња.

Напомена: Апартманите се комплетно нови и ќе бидат прва сезона во употреба.

Вила „Evgenia” - Јерисос

Термин:

Ноќевања:

1/2+2 апартман

1/5 апартман дуплекс

26.05-05.06.2020

10

250  (15.500 ден.)

350  (21.700 ден.)

05.06-15.06.2020

10

300  (18.600 ден.)

400  (24.800 ден.)

15.06-25.06.2020

10

400  (24.800 ден.)

500  (31.000 ден.)

25.06-05.07.2020

10

450  (27.900 ден.)

600  (37.200 ден.)

05.07-15.07.2020

10

500  (31.000 ден.)

650  (40.300 ден.)

15.07-25.07.2020

10

550  (34.100 ден.)

700  (43.400 ден.)

25.07-04.08.2020

10

550  (34.100 ден.)

700  (43.400 ден.)

04.08-14.08.2020

10

550  (34.100 ден.)

700  (43.400 ден.)

14.08-24.08.2020

10

550  (34.100 ден.)

700  (43.400 ден.)

24.08-03.09.2020

10

500  (31.000 ден.)

600  (37.200 ден.)

03.09-13.09.2020

10

400  (24.800 ден.)

500  (31.000 ден.)

13.09-23.09.2020

10

300  (18.600 ден.)

400  (24.800 ден.)


- Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз

- Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

            - Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос

- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

- Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра