SKI OPENING КОПАОНИК
ЛЕТО 2023 - ГРЦИЈА
Автобуски патувања - Сараево & Мостар
Сараево & Мостар

8 Декември
САРАЕВО и МОСТАР

1 ден: (07.12.2022- среда)  Скопје – Србија - Босна

Поаѓање од Скопје во вечерните часови.  Заминување на групата кон Сараево преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење преку Србија со попатни застанувања за одмор и пасошки и царински формалности.

2 ден: (08.12.2022 – четврток ) Вишеград - Сараево

Попатна пауза на Вишеград. Ќе го посетиме симболот на градот  мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој  е под заштитана UNESCO и опишан во романот „Мостот на Дрина“  на Иво Андриќ. Исто ќе го разгледаме  ,,Андриќ Град'' познат како камен град изграден по идеа на Емил Костурица во чест на Иво Андриќ. Во договорено време продолжуваме кон Сараево.Пистигнување во Сараево во попладневните часови. Пешачки Разглед на градот со локален водич и посета на : градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани,катердалата Срце Христово, Соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царската џамија, Башчаршија, мостовите….Смесување во хотел.Ноќевање. 

3 ден: (09.12.2022 - петок) Сараево – Мостар – Црна Гора

Појадок. По појадокот заминување кон Мостар со попатна посета на Камената Ќуприја во Коњиц, срушениот мост од Втората Светска Војна (познат како битката на Неретва) како и бункерот на Тито, а потоа продолжување кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите,град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол.Разгледување на градот. Посета на: Стариот мост,улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани,Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн.Во попладневните часови враќање назад во Сараево. Ноќевање.

4 ден: (10.12.2022 – сабота ) Сараево – Босанските пирамиди – Дрвен град

Појадок. Напуштање на хотелот. Факултативна  посета на местото Високо-каде се наоѓаат едни од најстарите пирамиди и енергетски полиња во светот - Босанските пирамиди. Малото гратче Високо ја крие мистерија на петте пирамиди, онаа на Сонцето, Пирамидата на Месечината, на Змејот, на Мајката Земја и Пирамидата на Љубовта. Со својата висина од 220 метри, Пирамидата на Сонцето, е најголемата пирамида во светот. Продолжуваме кон посета на тунелот ''Равно 1'' во кој имаме  околу еден час посета во внатрешноста  на ископините кои се наоѓаат во подножјето на пиреамидите.  Докажано е дека просториите под пирамидите имаат лековити моќи поради големото ниво на јонизација. По завршување на посетата се враќаме во хотел.

Попатна пауза за одмор во Мокра Гора , каде е изграден Дрвениот Град на Емир Костурица. Невообичаено место изградено на неколку стотици метри од живеалиштата на мечките, дивите свињи, срните и волците, во дрвени куќички на располагање има безжичен интернет, кабловска телевизија, електрична струја, водовод, канализација...Атракција која што вреди да се види. 

Враќање кон Македонија со попатни паузи.

5 ден: (11.12.2022 – недела) Скопје

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  108 € ( 6.700 ден.)

 

 

 Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Aвтобуски превоз на дадената релација;
  • Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево;
  • Разгледување на Сараево со локален водич;
  • Разглед на Андрич град, Дрвен град;
  • Придружник на групата.
  • Организација на патувањето и водство од агенцијата.

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 денари;
  • Полудневен излет до Мостар со разглед + посета на Бункерот на Тито – 40евра (минум 35 патника);
  • Постета на Босански Пирамиди 25 евра  (миниум 35 патници)
  • Разглед и посета на Дрвенград (влез 1-3еур. се плаќа при влез);
  • Туристичка такса 2 евра - се плаќа во агенција;
  • Доплата за 1/1 соба е 2.200 ден.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ