ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА 2019
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
СИЦИЛИЈА 2019
Авионски Програми - Амстердам 19.10-22.10
Амстердам 19.10-22.10

Амстердам во октомври

19.10. – 22.10.2019 

1 Ден: ( сабота ) - СКОПЈЕ - АЈНДХОВЕН - АМСТЕРДАМ

Состанок на групата во 03:55 часот на аеродромот во Скопје. Полетување во 05:55 и слетување во 08:45 на аеродромот во Ајндховен. Пречек од страна на локален водич и организиран превоз до Амстердам. Пристигнување во Амстердам каде што ќе следи организиран разглед на градот со локален водич. Стартувајќи од главниот плоштад на Амстердам - Дам, прошетката ги вклучува Red Light District, Новата како и Старата црква на Амстердам изградена уште во 12 век,  Кинескиот кварт и неговата важност при легализација на лесни дроги, Новиот маркет и “танцувачките” куќи. Прошетката продолжува низ каналите на Амстердам поминувајќи ја зградата на првата берза и мултинационалана компанија во светот - East India Company, внатрешните дворци на Универзитот на Амстердам и Поранешната колонија на жените (The Begijnhof) како и краток премин преку Музејот на Амстердам назад кон Дам плоштадот. Следува сместување во хотел и и одмор. Во вечерните часови можност за крстарење по надалеку познатите Амстердамски канали.Враќање во хотел. Ноќевање.

2 Ден: (недела) – АМСТЕРДАМ - ХАГ - ДЕЛФТ - РОТЕРДАМ

Појадок во хотел. Состанок на групата во хотелкото лоби во 08:00 часот и тргнување кон Ротердам на Голема Холандска тура. Пристигнување во центарот на Хаг во 09:30 и кратка прошетка со водич низ главните улици, плоштади и Парламентот. Слободно време за појадок и шопинг до 12:00 часот. Транспорт до гратчето Делфт, де-факто главен град на Холандија во 15 и 16 век и родно место на големиот уметник Вермер. Покрај тоа Делфт е познат по своите шармантни канали, плоштади исполнети со мали кафе барови и ресторани. Во Делфт се наоѓа и фабриката - музеј каде се изработува DelftBlue порцеланот и Техничкиот Универзитет каде над 20.000 студенти, истражувачи и професори секојдневно работат на проекти кои ќе ни овозможат подобра иднина. Прошетка низ градот со водич и слободно време за ручек до 15:00 часот. Трансфер и пристигнување во Ротердам до 16:00 часот. Ротердам е вистински уникат во Холандија, препознатлив по својата футуристичка архитектура  и интересни јавни простори. Кратка пешачка тура со локалниот водичот во центарот на градот, мулти функционалниот MarktHall - место каде може да се вкуси храна од целиот свет, се’ до старото пристаниште и Еразмус мостот. Трансфер до Амстердам. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 Ден: ( понеделник ) - АМСТЕРДАМ – ЗААНСЕ ШАНСЕ - ВОЛЕНДАМ

Појадок во хотел. Состанок на групата во хотелкото лоби во и се упатуваме до селото на ветерниците- Заансе Шанс на Мала Холандска тура. Заансе Шанс е населба во холандскиот град Заандам, во близина на Амстердам. Историските ветерници и карактеристични зелени дрвени куќи се преместени тука за да го отсликаат изгледот на холандсите села од 18-19 век. Музејот Заанс има регионални носии, моделски ветерници и интерактивни експонати за изработка на чоколадо. Занаетчиските работилници демонстрираат ретки ракотворби, како што се резба од дрво, производство на карактеристичните холандски кломпи како и дрвени буриња и калапи од калај....Слободно време за кафе и ручек...Продолжуваме кон Волендам ...Волендам е холандски град на езерото Маркермер, североисточно од Амстердам. Познато е по неговите шарени дрвени куќи и старите рибарски бродови во пристаништето, кое е преполно со продавачи на морска храна. Музејот Волендам има слики, скулптури и грнчарија од 1800 години се до денес, галерија на традиционални носии и мозаици изработени од милиони пури. Музејот на Палингсаунд ја прикажува локалната музичка сцена. Во договорено време враќање назад во хотел.Слободно време. Ноќевање.

4 Ден: ( вторник ) - АМСТЕРДАМ -АЈНДХОВЕН - СКОПЈЕ

Појадок или ланч пакет. Одјавување од хотел . Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Пристигнување на аеродромот, пријавување, пасошки и царински формалности. Полетување во 09:30 часот. Слетување во 12:05 часот на аеродромот во Скопје.  

ПРОМОТИВНА ЦЕНA ПО ЛИЦЕ: 319 ЕВРА ( 19.778 мкд.)

Oграничен број на места

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје - Анјдховен - Скопје со авиокомпанија Wizz Air;
  • Организирани трансфери: аеродром - хотел - аеродром;Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
  • Сместување во хотел со 3* или 4* - 3 ноќевања со појадок -  во Амстердам или околина
  • Организиран разглед со локален водич
  • Локален преставник/водич на агенцијата во Амстердам, во текот на престојот на македонски јазик;
  • Организација на аранжманот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Аеродромски такси – 3.720 мкд.
  • Туристичка такса 3 Еура на ден – уплата во агенција;
  • Доплата за 20 кг. багаж (куфер);
  • Билети за јавен превоз;
  • Влезници во музеи и други јавни објекти;
  • Патничко осигурување.

ФАКУЛТАТИВИ :

  • АМСТЕРДАМ - ХАГ - ДЕЛФТ – РОТЕРДАМ – трансфер, локален водич – 70 евра
  • АМСТЕРДАМ – ЗААНСЕ ШАНСЕ – ВОЛЕНДАМ – трансфер, локален водич – 50 евра
  • Крстарење по каналите во Амстердам –15 евра
  • Организиран ручек во ресторан–
  • Организирана вечера во Пивница –

Напомена : За реализација на факултативните екскурзии потребно минимум 20 пријавени патници.

ОПШТИ НАПОМЕНИ :

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот.
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот.
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд.
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника.
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ