Nea Flogita - Vila Viki
Vila Viki

Вила Вики се наоѓа во централниот дел на Неа Флогита, на само 30 метри од прекрасната песочна плажа и 100 метри од пешачката улица во Неа Флогита. Вилата располага со 4 апартмани со по 4 кревети распоредени на прв и на втор кат. Секој апартман има сопствено купатило со туш, кујна комплет опремена и балкон со страничен поглед кон морето.

  • Цените во табелите се изразени за пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум две лица во студио или четири лица во дуплекс апартман;
  • Цените се изразени во евра, а плаќањето е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 денари);
  • Сместување на трето и четврто лице во студио и фамилијарен апартман задолжително плаќа 30 евра;
  • Само превоз на наведените датуми за возрасни е 30 евра, а за деца до 12 години е 20 евра;
  • За користење на сопствен превоз се одбива 10 евра од цените во табелата;
  • Цените во табелата обележани со * не се одбива превозот и не важи попустот;
  • За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата. Во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
  • Доплата за туристичка такса за 1/2 и 1/3 студио е 0,5 евра по ден (се плаќа во објектот);
  • Доплата за туристичка такса за 1/4 и 1/6 апартман е 1 евро по ден (се плаќа во објектот);
  • Доплата за користење на клима уред е 5 евра на ден.

БУС 1 – Автобуски превоз според термини од табелата

05:00 часот тргнување од Куманово (пред ресторан Жмара);
06:00 часот тргнување од Скопје (паркинг спроти Саемот хотел ВИП);
06:45 часот тргнување од Велес (Бензинска пумпа Мак Оил Мотел Македонија);
07:30 часот тргнување од Кавадарци (Автобуска станица);
08:30 часот Граничен премин Богородица

БУС 2 – Автобуски превоз според термини од табелата 

05:30 часот тргнување од Прилеп (Бензинска ЛУКОИЛ), трансфер со минибус до Битола или Кавадарци;
06:30 часот тргнување од Битола (Паркинг Спортска Сала);
07:00 часот граничен премин Меџитлија

Поаѓање од Грција во 14:15 часот по локално време.

НАПОМЕНИ: Собите се преземаат во 13,00 часот на денот на пристигнување, а се напуштаат во 9,00 часот на денот на заминување по локално време;

Задолжително патничко – здравствено осигурување;