ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА 2019
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
СИЦИЛИЈА 2019
Polihrono - Vila Todor
Vila Todor

17% попуст за резервации и целосна уплата до 28.02.2019

10% попуст за резервации и целосна уплата до 31.03.2019

5% попуст за резервации и целосна уплата до 30.04.2019

 

Опис на вилата:

“Дуплекс Тодор“  во Полихрон се наоѓа на две минути пешачење  до плажа, во централниот дел на Полихрон, на 50 метри над познатиот ресторан “Доктор”. Се состои

од две спални, од кои секој има пристап до терасата, француски кревет и шкаф за гардероб. Во дуплексот има мал тоалет (Туш / WC) и голема добро опремена кујна, која исто така има пристап до терасата. Во кујната има софа (кревет) погоден за една возрасна или две деца до 12 години.

“Дуплекс Тодор” е погодна за семејства со деца. Дуплексот е на првиот спрат.

 

Вид на сместување:

D4 + 1 – дуплекс  со две спални (собите се француски кревети) + во кујната софа (кревет)

ВАЖНA НАПОМЕНА :  За хигиената на апартманите, секој гостин се  грижи за својот апартман.

Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

 Накратко за Полихроно :

Полихроно (Πολύχρονο), се наоѓа помеѓу селата Крипиги и Ханиоти, на источниот брег на полуостровот Касандра. Одалечено, 95 километри од Солун, 60 километри од главниот град Халкидики, Полигирос. Од Ханиоти на 5 км и 10 км од Пефкохори. Мирно место со над 1.000 постојани жители, совршено за семеен одмори. Убавата  работа за Полихрон е тоа што, бројот на туристи од година во година се зголемува.

Check in: 14:00h.

Check out: 10:00h

 Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена  пред реализацијата на аранжманот. За два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин

 

          Цените се дадени по студио за 7 ноќевања во евра без попуст.

 

Период

Ноќевања

1/2 duplex

1/3 duplex

1/4+1 duplex

Коментар

19.05-26.05.2018

7

81

91

101

промо

26.05-02.06.2018

7

101

111

131

промо

02.06-09.06.2018

7

171

181

201

 

09.06-16.06.2018

7

231

251

291

 

16.06-23.06.2018

7

x

331

361

 

23.06-30.06.2018

7

x

341

371

 

30.06-07.07.2018

7

x

351

381

 

07.07-14.07.2018

7

x

351

391

 

14.07-21.07.2018

7

x

401

451

 

21.07-28.07.2018

7

x

401

451

 

28.07-04.08.2018

7

x

401

451

 

04.08-11.08.2018

7

x

401

451

 

11.08-18.08.2018

7

x

401

451

 

18.08-25.08.2018

7

x

331

371

 

25.08-01.09.2018

7

x

291

311

 

01.09-08.09.2018

7

x

221

251

 

08.09-15.09.2018

7

131

151

181

 

15.09-22.09.2018

7

101

111

131

промо

22.09-29.09.2018

7

81

91

101

промо

                        Плаќањето е во денарска противвредност   1 Евро = 62 денари.

Во цената е вклучено: Ноќевање, клима уред и wi-fi.

Во цената не е вклучено: Превоз, патничко осигурување.

 Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден  (се плаќа во агенција)

Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики:

  • 04:00 h Битола ( Пред спортска Сала) – 30€ по лице
  • 03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола – 30€ по лице
  • 15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола – 35€ по лице
  • 02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
  • 02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
  • 15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 30€ по лице

Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики (секоја недела):

  • 03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес– 40€ по лице
  • 04:00 h Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице
  • 04:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) –35€ по лице
  • 05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице
  • 05:00 h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово –40€ по лице
  • 05:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице
  • 06:00 h Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице
  • Деца од 2 до 11,99 години:         
  • Попуст 10 Евра од редовната цена (за поаѓање од Битола)
  • Попуст 15 Евра од редовната цена (за поаѓање од Скопје)
  • Деца до 1,99 години бесплатно
  • Возрасно лице над 63год – 10еур попуст 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ :

  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Во АПП е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Важат Општите услови на СКТМ

 

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ :

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Предлог посета на места: Доколку сакате да уживате во убавините на белата песок, мирното море и денските забави на само 30km од Полихроно се наоѓа Sani Beach, плажа со бел песок и мирис на борови кои ги негува сите сетила. Се работи за одлично организирана плажа, која неколку пати добивала „сино знаменце“. Многу често, на оваа плажа се организираат забави со познати диџеи. А доколку сакате да уживате во Карипски стил на само 6km од Полихроно се наоѓа, плажата Molos Beach Bar во Ханиоти. Опкружен со зеленило и убаво уреден парк, одличен е за активности на отворено како и терен за тенис и фудбал. Плажа има обезбеден паркин, гардероба и тоалет. Песочна плажа со чиста водата, уредена со лежалки и чадори за сонце. Во текот на сезоната, барот е исполнет нон стоп, посебно во времето на викендите. Ако сакате да го почуствувате Африканскиот стил тогаш Elephnat Beach Bar во Пефкохори е идеалното место за вас. Од Полихроно е одалечено 10km. Elephnat Beach Bar e една од најпопуларните плажи на Халкидики. Етничката декорација со удобни дрвени лежалки и перници ги замаглуваат очите уште од првиот момент, а во комбинација со сините води создаваат посебно чувство. Преубаво кафе, врвни освежувачки коктели и вкусни закуски се некои од опциите што ги нуди. Исто тука се наоѓа и уште еден прекрасен бар Umbrellas Beach Bar . А во непосредна нивна близина, а од Полихроно одалечено 15km се наоѓа Cabana Beach Bar во Палиури. Кристално чистa водa и сертифицирани академии за нуркање, плишани перници и позитивни вибрации се дел од имотот на Cabana Beach Bar. Тоа е место за убаво летно расположение и незаборавно искуство на плажа.
За младите кои што сакаат ноќни забави на 10km од Полихроно се наоѓаат најдобрите летни ноќни клубови во пошироката област на Халкидики, Night Club Pearl и Ahoy Summer Night Club. Ветуваат незаборавни ноќи за време на Вашиот престој на Халкидики. Меѓународните и Грчките хитови за денс музика ветуваат врвна забава која трае до утрото. Влезницата е 10€.
Исто така не пропуштајте да го посетите најубавото гратче на Халкидики- Афитос, кое е одалечено

14km од Полихроно. Афитос се разликува пo својата архитектура, камените куќи, неколкуте цркви, традиционалните таверни и улиците со калдрма.