LAST MINUTE ЛЕТО 2019
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - БАЛИ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
СИЦИЛИЈА 2019 - Детална Програма
Детална Програма

Софија – Катанија – Сиракуза – Ното – Модика – Рагуза – Агриџенто – Мазара дел Вало – Палермо – Монреале – Чефалу – Месина – Етна – Таормина – Катанија – Софија

 

ПРОМО ЦЕНА 595 еур ПО ЛИЦЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 31.01.2019

Посетете ги сите знаменитости на Сицилија со една програма!

 

 Сицилија е најголем остров во Медитеранот – специфична, со единствена традиција и особена почит кон фамилијата, помалку дива и со преубави приморски места и плажи , ќе ве освои со гостопримливи домаќини, неповторлив ритам на животот, извонредна кујна и уште поубави вина.

Сицилијанците ќе ви кажат дека е автентична и неспоредлива со било кое друго место на светот. Шармантно и  претенциозно, но толку вистинито.

Сицилија како дестинација за одмор не е привлечна само поради преубавите плажи, туку ви дава можност да се запознаете со единствениот дел на европската цивилизација и природните богатства, како што е единствениот жив вулкан во Европа – Етна, како и остатоците на старогрчките и римските градови, градби на норманско-арапско-византиската култура и локален, сицилијански барок.

8 дена / 7 ноќевања

цените се во евра по лице, во стандардна соба, на база полупансион, со вклучени аеродромски такси за резервација до 31.01.2019 г.

Термини

По лице во двокреветнасоба

Еднокреветна соба

3. возрасен

Дете 2-12 г.

од Софија

 

 

 

 

25.04 – 02.05

595

749

575

554

31.08 – 07.09

595

749

575

554

07.09 – 14.09

595

749

575

554

14.09 – 21.09

595

749

575

554

21.09 – 28.09

595

749

575

554

05.10 – 12.10

595

749

575

554

Цената вклучува:

авио билет со директен чартер лет, со авиокомпанија Bulgarian air Charter/ Wizz Air;

аеродромски такси;

чекиран15 кг багаж и 7 кг рачен багаж со димензии 20 х 50 х 25 см.

2 ноќевања со појадок во реонот на Сиракуза/ Рагуза во Hotel Jolly Aretusa или сличен 3/4*;

1 ноќевање со појадок во реонот на Агриџенто во Hotel Pini или сличен 3/4*;

2 ноќевања со појадок во реонот на Палермо во Hotel Palm Beach или сличен 3/4*;

2 ноќевања со појадок во реонот на Катанија/ Етна Hotel Primavera dell’Etna или сличен 3/4*;

Бонус вечери во сите хотели;

разглед на Сиракуза и Ното;

разглед на Модика и Рагуза;

разглед на Агриџенто и Мазара дел Вало;

разглед на Палермо и Монреале;

Тразглед на Чефалу и Месина;

разглед на Етна и Таормина;

превоз со лиценциран автобус по целата маршрута;

Патничко здравствено осигурување со покритие до10 000 евра;

пратител на групата од Бугарија за време на целото патување.

Цената не вклучува: доплата по желба

Влезница за црквата Марторана во Палермо – околу 2 евра;

Влезница за Катедралата во Монреале – околу 4 евра;

Влезница за катакомбите на Капуцините – околу 6 евра;

Влезница за Театро Масимо – околу 8 евра;

Влезница за Агриџенто – околу 10 евра;

Билет за лифт и џиповите на Етна – околу 64 евра за возрасен/ 47 евра за дете (4-12 г.);

Влезница за Грчкиот театар во Таормина – околу 10 евра.

Цената не вклучува – задолжителна доплата:

Такса за гориво – се објавува 21 ден пред поаѓање.

Општинска такса – се плаќа на рецепција.

Во цената на аранжманот не се вклучени такси, плаќања и други дополнителни расходи, кои може да се побараат да бидат платени како нпр. туристичка такса, градска такса, бродски или аеродромски такси, влезници за објекти, музеи, бротчиња, ферибот, јавен превоз, пијалоци во автобусите или авионите и сл.

Ред на летање:

Авиокомпанија Bulgarian Air Charter

За сите датуми во април, мај, јуни, јули, август

Софија – Катанија – 14:30 / 15:20 ч.

Катанија – Софија – 10:50 / 13:40 ч.

За датуми на поаѓање 07.09 / 14.09 / 21.09 / 28.09

Софија – Палермо – 13:40 / 14:30 ч.

Палермо – Софија – 10:00 / 12:50 ч.

За датум на поаѓање 25.04

25.04 Софија – Катанија – Wizz Air – 20:30 / 21:25 ч.

02.05 Катанија – Софија – 22:00 / 00:45 ч.

Авиокомпаниите го задржуваат правото на промени на редот на летање.

Трансфер аеродром – хотел – аеродром: Времетраење – околу 2 часа по правец

ПРОГРАМА

1 ден

Состанок на групата на аеродромот во Софија. Директен лет до Катанија. Трансфер и сместување во хотел во реонот на Сиракуза или Рагуза.

2 ден

Појадок. Напуштање на хотелот и поаѓање за Сиракуза и Ното.

Посета на Сиракуза – Пешачка тура со локален водич во стариот град на Сиракуза, островот Ортиџа, познат по богатата старогрчка историја, дел од светското културно наследство на УНЕСКО. Сиракуза е најпозната грчка колонија во Средоземјето.

Посета на Ното – Рано попладне поаѓање кон Ното, прочуен како најтипичен барокни град. Вистинскиот украс на барокот, вклучен во листата на УНЕСКО.

Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање во реонот на Сиракуза или Рагуза.

Сиракуза и Ното

Сиракуза е најпозната грчка колонија на Средоземното море. Опишана од Цицерон како “најголем грчки град и најубавиот од сите“. Таа е и родното место на Архимед. Посета на историскиот центар со локален водич, островот Ортиџа, под заштита на Унеско. Прошетка започнува од храмот на Аполон – најстариот дорски храм на Сицилија од 6 в. пр. хр., плоштад Архимед, плоштадот „Ил Дуомо” со прекрасната катедрала и црквата „Света Лучија”, каде се наоѓа и оригиналот на еден од познатите платна на Караваџо „Погребувањето на Света Лучија”. Обиколката завршува кај изворите на Аретуза, каде ќе ја слушнете легендата за вечната љубов. Слободно време со можност за прошетка со чамец околу островот или до морските пештери, посета на музејот на Архимед или музејот „Белломо” или прошетка по пристанишната тврдина на Сиракуза Кастело-Маниаче од 13 в.

Рано попладне продлжуваме кон Ното, прогласен за перфектен барокни град. Вистински украс на барокот, вклучен во листата на Унеско. Разглед со локален водич по централната улица, каде се од двете страни сместени црквите со манастирите, Катедралата, Палацо Николачи со најубавите барокни балкони на светот. Слободно време со можност за посета на Палацо Николачи – имотот на богати трговци на туна.

Влезница за музејот „Белломо” – 8 евра

Влезница за Палацо Николачи – 4 евра.

Можни са промени на цените!

Враќање во хотел за вечера.

Цената вклучува: Превоз; водич на бугарски јазик. 

Цената не вклучува: Влезници за музејот „Беломо“; Влезници за Палацо Николачи; Индивидуални трошоци.

3 ден Модика и Рагуза

Појадок. Напуштање на хотелот и поаѓање за Модика и Рагуза.

Посета на Модика – Модика е вклучена во списокот на светското културно наследство на УНЕСКО. Градот е основан од сикулите околу VII век пр. н. е. Подоцна бил окупиран од страна на римјаните.

Посета на Рагуза – Градот е поделен на два дела. Во едниот дел нема знаменитости, изградени се по земјотресот во 1693 г. Другиот дел, наречен Рагуза Ибла, се наоѓа на ридот и по земјотресот се враќа во средновековен изглед.

Сестување во хотел во реонот на Агриџенто. Вечера. Ноќевање.

Модика и Рагуза 

Напуштање на хотелот за посета на градот Модика. Модика е вклучена во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО. Градот е основан од сикулите околу  VII век пр. н. е. Подоцна бил окупиран од Римјаните. 845 г. го превземаат Норманите. Во XIII и XIV век е под шпанската власт – грофовите од фамилијата Гуалтиери. Во следните векови оваа позиција ја наследуваат 6 италијански фамилии. Модика е управувана, како и останатиот дел на Сицилија, од шпанскиот крал од Палермо се до XVIII век, кога островот е управуван од Виена, а подоцна кон крајот на XVIII и во XIX век е дел од Кралството Сицилија.

Со векови наназад, Шпанците го донеле од Мексико какаовото семе. Од тогаш до сега, во Модика се чува традицијата и ритуалот за производство на чоколадо на ниска температура. Тоа е зрнесто, бидејќи какаото се обработува на не повисока температура од 50 степени и шеќерот останува цел. Но, чоколадото е со сол. Во понуда се разни видови: со овошје и полнења, со лути пиперки, со сол... Прошетка по стариот дел на градот, каде се наоѓаат двете катедрали, „Св. Георги”, во која се наоѓа дел од моштите на Свети Георги Победоносец и е образец за сицилијански барок и “Свети Петар”, каде се наоѓа ретката слика на Исус Христос во полица.

Поаѓање за Рагуза. Градот е поделен на два дела. Во едниот дел нема знаменитости, изграден по земјотресот во 1693 г. Другиот дел, наречен Рагуза Ибла, се наоѓа на ридот и е обновен средновековен град по земјотресот. Со Рагуза Ибла владееле грците, римјаните и норманите. По земјотресот големиот дел на фасадите на барокните згради почнале да се лупат и пропаѓаат. Во околината на Рагуза се произведува сирење, а во центарот на градот се наоѓа најпознатата продавница за сирење, каде можат да се дегустираат разни видови. Во Рагуза интересни објекти се катедралата „Сан Џорџо”, црквата „Сан Џузепе”, паркот „Џардино Иблео”, црквата Санта Марија дел Итрија.

Враќање во хотел за вечера.

Цената вклучува: Превоз; водич на бугарски јазик.

Цената не включва: индивидуални трошоци.

4 Ден Аргиџенто и Мазара Дел Варо

Појадок. Поаѓање за Агриџенто.

Посета на Агриџенто – Разглед на една од главните знаменитости на Сицилија, која вклучува остатоците на седумте старогрчки храма од V век пр.н.е., посветени на боговите Хера, Зевс, Херкулес, храмот Конкордија. Долината на Храмовите е вклучена во списокот на светското културно наследство на УНЕСКО.

Посета на Мазара Дел Вало – Мазара дел Вало e земјоделски и риболовен центар, сместен во провинцијата Трапани, Југозападна Сицилија. Како главен уште во времето на финикијците, има богата историја, со остатоци од антички урнатини и убави градби од средниот век.

Сестување во хотел во реонот на Палермо. Вечера. Ноќевање.

Долината на храмовите в Агриџенто и Мазара Дел Вало

Со локален водич разглед на една од главните атракции на Сицилија, која ги вклучува остатоците на седумте страрогрчки храма од V век пр.н.е., посветени на боговите Хера, Зевс, Херкулес, храмот Конкордија. Долината на Храмовите е на списокот на светското културно наследство на УНЕСКО. Агриџенто е наследник на античкиот Акрагас, наречен од старогрчкиот поет Пиндар како “најубавиот град на смртниците”. Во Акрагас е роден и прочуениот грчки филозоф Емпедокле (490-430 пр.Хр.). Основан е во VI в пред Христа од доселениците од блиската колонија Џела. Некогашната величина се уште се огледа во бројните урнатини во долината и во седумтте храма, најубавите грчки остатоци надвор од Грција.

Влезница 10 евра по лице – над 18 год.

Посета на италијанскиот град Мазара дел Вало – земјоделски и риболовен центар, сместен во провинцијата Трапани, во југозападна Сицилија. Основан уште во времето на финикијците градот има богата историја, која се гледа во остатоците на многубројни руини и убави згради од средниот век.

Во современата историја градот е познат како родно место на Гаетано Рина, главата на кланот Корлеоне, кој имал важна улога во хиерархијата на Коза Ностра. Мазара дел Вало никнува во 9 в. пр. н. е., кога е основан од страната на финикијците. Името му произлегува од нивниот јазик и означува “скала”. Низ вековите бил под власта на грците, римјаните, картагенците, остготите, вандалите и византијците. Во 827 г. Станува сопственост на арапите, кои ја делат целата Сицилија на три региона – Вал ди Ното, Вал Демон и Вал ди Мазара. Во тој период се развива трговијата, која го прави градот во главно пристаниште на островот. Се градат многубројни училишта и образовни центри, кои имаат важна улога во културниот живот на Сицилија во тој период.

Враќање во хотел.

Цената вклучува: Превоз; Водич на бугарски јазик.

Цената не вклучува: Индивидуални трошоци.

5 Ден - Палермо и МОнреале

Појадок. Поаѓање на рзглед на Палермо и Монреале.

Посета на Палермо – Прошетка по главниот град на Сицилија. Срцето на Палермо е обележена со барокниот спој „Кватро Канти”, непосредно до него се наоѓа „Пиаца Преторија” со „Фонтаната на срамот”, позади зградата на Општината се наоѓа црквата „Марторана”, каде се фреските, византискиот мозаик и барок хармонично вкрстуваат.

Посета на Монреале – Посета на градската катедрала – ремек дело на норманската архитектура од 12 в. со импресивни мозаици во византиски стил, кои го раскажуваат стариот и новиот завет.

Вечера. Ноќевање во реонот на Палермо.

Палермо и Монреале

Поаѓање од хотелот рано наутро. Во архитектурата на Палермо се сместени сите стилови, рефлектирајќи ја испреплетената и богата историја на градот. Тоа е единственото место во светот, каде што оставиле белег сите основни Средоземноморски цивилизации – од финикијците и грците, римјаните, арапите и норманите, шпанците и французите. Срцето на Палермо е обележана со барокниот крстопат “Кватро Канти”, непосредно до него се наоѓа „Пиаца Преторија” со „Фонтаната на срамот”, зад зрадата на Општината се наоѓа црквата „Марторана”, каде што фреските, византискиот мозаик и барокот се спојуваат во хармонично ремек-дело. До „Марторана” се наоѓа црквата „Свети Каталдо” – прекрасен пример на арапско-норманската архитектура. Слободно време со можност за шопинг и самостално разгледување на градот – Театро Масимо, Катакомбите на Капуцините или на најголемиот пазар на Сицилија – Ла Вучирија – сличен на арапските пазари. Обиколката на градот продолжува кон брегот на градот: индустриско пристаниште, пристаниште за јахти, споменик посветен на загинатите во борбата со мафијата, црквата Санта Марија де ла Катена, Порта Феличе, плоштад Гај Јулије Цезар, каде е и главната железничка станица во Палермо, по што поаѓаме кон Монреале – кралскиот рид, седиште на норманските кралеви. Посета на Катедралата на градот со локален водич – извонредно ремек-дело на норманската архитектура од дванаесеттиот век со импресивни византиски стилски мозаици кои го раскажуваат стариот и новиот завет. Ве молиме, да не носите куси здолништа и пантолони! Неопходни се покривки за рамената во катедралите и црквите!

Влезница за црквата Марторана – 2 евра

Влезница за Катедралата во Монреале – 4 евра

Влезниците се од 17.10.2018 г., можни се промени!

Враќање во хотел за вечерата.

Цената вклучува: превоз, водич.

Цената не вклучува: влезници за објектите, индивидуални трошоци.

6 Ден Чефалу и Месина

Појадок. Поаѓање за Чефалу и Месина.

Посета на Чефалу – Градот е сместен под огромна карпа, во подножјето, каде се сместил еден од најелегантните главни плоштади на Сицилија – Дуомо и величенствената норманска катедрала од 12 в.

Посета на Месина – Прошетка по Месина – третиот по големина град на Сицилија и главен град на провинцијата Месина. Религиозните зданија во Месина се – катедралата на Месина од 12. век рушена и реставрирана два пати – по земјотресот (1908г.) и бомбардирањето (1943г.), Annunziata dei Catalani – со арапски архитектурен стил, Santa Maria degli Alemanni – параклис на тевтонските витези.

Сместување во хотел во реонот на Етна или Катанија. Вечера. Ноќевање.

Чефалу и Месина

Чефалу е мало, убаво рибарско село, познато по својата автентичност. Долгата главна улица се вкрстува со десетици помали тесни странични улички, чии што куќи се толку блиску, да можат да си подаваат преку прозорците разни нешта. Градот е изграден под огромна карпа, која наликува на тврдина, во подножјето на која е еден од најелегантните главни плоштади на Сицилија – Дуомо и величенствената катедрала Норман од дванаесеттиот век, изградена по желбата на Роџер II, првиот нормански крал. Според легендата, кралската флота упаднала во бурата и била исфрлена на бреговите на Чефалу, каде се спасиле. Во знак на благодарност кон Богородица подигната е црквата. Прочуениот мозаик во апсидата – Христос Седржител е првата од тој вид сицилијански слики.

Посета на Месина. Месина е третиот по големина град на Сицилија и главен град на провинцијата Месина. Религиозните зданија во Месина се – катедралата (XII век) рушена и обновувана два пати – по земјотресот (1908 г.) и по бомбардирањето (1943 г.), Annunziata dei Catalani(XII – XIII век) – со арапски архитектонски стил, Santa Maria degli Alemanni (веројатно е изградена во XII век) – била параклис на тевтонските витези. Се работи за редок пример за црква, изградена во готски стил. Последното здание е светилиштето Montevergine, каде е погребано и телото на светицата Еустокија Смералда Калафато (Eustochia Smeralda Calafato). Интересна е и фонтаната Орион (изградена во 1547 г. од Џовани Анџело Монторсоли и се наоѓа на плоштадот на катедралата на Месина) или фонтаната на Нептун (изградена во 1557 г. повторно од Џовани Анџело Монторсоли и се наоѓа на пристаништето), светилникот San Ranieri(изграден 1555 г.). Во регионалниот музеј се делата на Караваџо. Недалеку од катедралата се наоѓа музејот Мандралиска со збирка на монети, грчки и римски артефакти и една исклучителна слика –„Портрет на непознат морнар” од најпознатиот ренесансен фрескосликар на Сицилија – Антонело да Месина.

Враќање во хотел.

Цената вклучува: превоз; водич, еден сладолед по избор.

Цената не вклучува: влезници за објектите; индивидуални трошоци.

7 Ден Етна и Таормина

Појадок. Поаѓање кон Етна и Таормина.

Посета на Етна – Етна е највисокиот жив вулкан во Европа. Возење со автобус до 1910 м. Слободно време со можност за прошетка до страничните кратери „Силвестри”, кои биле активни 1986 г., за да купите сувенири од лава во некоја од многубројните продавници, да го вкусите медот или ракијата „Огинот на Етна”.

Посета на Таормина – Пешачка прошетка по живописните улички на прочуениот резорт на Сицилија. Автобусот не остава на паркингот во подножјето, откаде се движиме до главната улица со бесплатно бусче.

Враќање во хотел во реонот на Етна или Катанија. Вечера. Ноќевање.

Етна и Таормина

Напуштање на хотелот рано наутро, по појадокот.

Етна е највисокиот активен вулкан во Европа. Искачување со автобус до 1910 м. Слободно време со можност за прошетка до страничните кратери „Силвестри”, кои биле активни 1986 г., за да купите сувенири од лава во некој од многубројните продавници, да вкусите мед или ракија „Огнот на Етна”. По желба може да се стигне до „Кулата на Филозофот” во подножјето на четирите активни кратера на околу 2900 метри надморска височина со жичарата и џиповите (само при поволни метеоролошки услови). /Доплата на лице место дополнително/.

Билет за жичница и џипови – 67 евра/47 евра (4 – 11 г.)

Се препорачува топла облека и удобни чевли, за дополнително искачување, на лице место може да се изнајми топол елек (3 евра)

Поаѓање за Таормина. Пешачка прошетка по живописните улички на најпознатото одмаралиште на Сицилија. Автобусот не остава на паркингот во подножјето на градот, од каде одиме до централната улица со бесплатно бусче. Слободно време со можност да го посетите градскиот театар од 3 в. пр. хр.,од каде се протега преубав поглед на заливот на Џардини Наксос, разглед на остатоците на римскиот амфитеатар, разглед на Градскиот Парк, прошетајте по главната улица со панорамски плоштад „IX Април”, каде се наоѓа и познатиот „Вундербар” – омилено место на Лиз Тејлор, плоштад „Дуомо”, омилено место на Оскар Вајлд. Тука е и фонтана „Четири фонтани” со кентаур, кој е симбол на градот.

Тука е и богат избор на прекрасни сладоледџилници (Џелатерии), кафетерии и продавници на облека и сувенири. По желба посета на грчкиот амфитеатар во Таормина.

Влезница за грчкиот амфитеатар – 10 евра /можни са промени!/

Враќање во хотел за вечера.

Цената вклучува: превоз и водич на бугарски јазик.

Цената не вклучува: билет за жичница и џиповите – 67 евра/ 47 евра (4 – 11 г.); влезница за грчкиот амфитеатар во Таормина – 10 евра; индивидуални трошоци.

8 Ден Катанија - Софија

Појадок. Трансфер до аеродромот Катанија. Пристигнување во Софија. 

ВАЖНО:

Минимален број за реализација на програмата со авиокомпанијата Wizz Air е 50 лица.

Минимален број за реализација на програмата со авиокомпанијата Bulgarian Air Charter е 120 лица

Групата се потврдува до 20 работни дена пред патување.

можна е промена на време на поаѓање, за што ќе бидете известени благовремено.

Организаторот го задржува правото на промена во програмата.

Нема специјални медицински и здравствени побарувања, поврзани со патувањето.

Патувањето не е погодно за лица со ограничена подвижност.

Македонските граѓани, е неопходно да поседуваат валиден пасош со минимум 6 месеци од датата на влез.

Услови за откажување на патување од страна на патникот:

ПАТНИКОТ има право да го откаже договорот за патување пред неговото започнување. ПАТНИКОТ е должен да плати пенали за откажување од патување на ОРГАНИЗАТОРОТ. Во случај на непредвидени и вонредни околности на дестинацијата или во непосредна близина, кои би влијаеле на квалитетот на аранжманот како и на безбедноста, патникот не плаќа пенали, му се враќа уплатената сума во целост, но нема право на дополнително обештетување.

Доколку ПАТНИКОТ го откаже патувањето повеќе од 30 дена пред поаѓање, пеналите се во износ на авансната уплата. Доколку го откаже од 30 дена до денот на поаѓање пеналите се 100%.