Hotel Mantar 4* - Марикостиново
Мантар Спа Хотел 4*
Спа Хотелот „Мантар“ се наоѓа во срцето на Југозападот на 20км одалечен од градот Сандански, во близина на минералните извори на селото Марикостиново – област со богата историја која датира од антиката, опкружена со пет планини и бројни историски, културни и природни атракции.
Помеѓу оваа слика, хотелот се издвојува со својот модерен изглед и на своите посетители им нуди совршена комбинација на луксуз, хармонија и софистицираност на вкусови и сензации.
Ценовник 2023
Двокреветна соба
|
2adl
|
92евра
|
Еднокреветна
|
1adl
|
81евра
|
Двокреветна лукс соба
|
2adl+2chd(11.99)
|
97евра
|
Двокреветна лукс соба
|
3adl+1chd (11.99)
|
131евра
|
Двокреветна лукс соба
|
1adl
|
87евра
|
Апартман
|
2adl+2chd(11.99)
|
119евра
|
Апартман
|
3adl+1chd (11.99)
|
160евра
|
Апартман
|
1adl
|
102евра
|
Лукс апартман
|
2adl+2chd(11.99)
|
151евра
|
Лукс апартман
|
3adl+1chd (11.99)
|
205евра
|
Лукс апартман
|
1adl
|
135евра
|
Цената е дадена по соба на ден со појадок
Во цената е вклучено:
- Ноќевање со појадок
- Туристичка такса-ДДВ
- Затворен базен со млазници за масажа
- Надворешен базен со олимписка големина (минерална вода и работи во текот на летната сезона)
- Сауна
- Шок тушеви
- Соба за релаксација
- Користење на Фитнес Центар
- Парна Бања
- Игротека за деца
- Семинарска сала за 50 луге
- Надворешен паркинг
Во цената НЕ Е вклучено:
- Превоз
- Патничко осигурување
- Личен трошок на патникот
- Неспомнати услуги
Приговори и поплаки :
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Разгледи во близина на Сандански
- Рилскиот манастир,еден од најголемите манастири во Бугарија. Изградена во 30-тите години наХ век. Денес Рилскиот манастир е дел од светското наследство на УНЕСКО, со својата автентична атмосфера,бесценети икони и резби, привлекува посетители од целиот свет. Рилски манастирот се наоѓа меѓу миризливи борови шуми на планината Рила, 63 км. од градот Сандански.
- Мелник–“градот на виното” е најмалиот град во Бугарија со население од само 230 жители. Мелник е место со богато историско наследство, пријавен за културно-историски резерват и градски музеј. Мелник исто така е прочуен по своите висококвалитетни вина. Мелник е оддалечен 20 км. од Сандански.
- Рожденски манастир,7 км. од Мелник, е вториот по големина манастир во Бугарија по Рилскиотманастир. Со своите уникатни резби и витраж, тој е вистински ремек-дело на средниот век.Природниот резерват Рупите со својата уникатна природа, фауна и термални извори е на само15 км. од Сандански. Во Рупите можете да ја посетите куќата на најпознатиот бугарски пророк Ванга. Во самата близина по волјата на баба Ванѓа, во 1992 година е изграден храм-споменик “Света Петка Бугарска” – еден од 100-те национални туристички објектот во Бугарија. Рупите е кратер на угаснет вулкан. Постојат остатоци од древниот град Хераклеја Синтика.
Услови за агентот и гостинот:
- За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозитуплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
- Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 денапред пристигнувањето без пенали.
- Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 денапред датата на престигнување без пенали. Промена на име и термин помалце од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
- Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 денапред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
- Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
- Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 денапред пристигнување е без пенали.
- Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 денапред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
- Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.