ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
ZLATIBOR - Kompleks Kalman Apartmani
Kompleks Kalman Apartmani

Комплексот се наоѓа во центарот на Златибор, во апартманската населба Калман, на неколку чекори од самата ски патека и центарот. Во понуда се 22 апартмани, 21 се со 1 спална соба /45m2/ и еден дуплекс апартман со 2 спални соби /60m2/. Комплексот има паркинг, гаража со доплата на лице место, бесплатен Wi-Fi интернет, лифт, рецепција…

ЦЕНИТЕ СЕ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН НА ДЕН

Тип на апартман

01.09 – 20.12.2018

21.02 – 25.04.2019

06.05 – 01.07.2019

04.01 – 31.01.2019

01.07 – 01.08.2019

 

26.04 – 05.05.2019

1/2+2 апп со една спална тип А

макс 3+1 дете до 12 г

40

50

55

1/2+2 апп со една спална тип Б

макс 3+1 дете до 12 г

40

50

55

1/4+2 апп со две спални

макс 5+1 дете до 12 г

60

70

80

Мин престој

5 ноќи

5 ноќи

5 ноќи

За престој пократок од пропишаниот, цената се зголемува за 5 еур по апартман на ден!

Цената вклучува: наем на апартман, паркинг, бежичен интернет, греење

Туристичката такса не е вклучена во цената и се плаќа со резервација! Возрасни 1 еур по лице на ден, деца од 7-15 г 0,5 еур, деца до 7 г не плаќаат

За валидна резервација потребна е уплата од 30%, останатиот дел 15 дена пред поаѓање.

Влез во апартманите е по 14 ч, а напуштање до 10 ч.

Гостите имаат попуст од 15% на користење на Wellness центар Мона, бар & игрална Моника, ресторан Перун, ресторан Вила, Лада бар

Курс 1 еур = 62 ден

Апартманите Тип А се наоѓаат на приземје, прв и втор кат, со поглед кон улица и ски центарот или кон терените и планината. Сите имаат тераси. Во спалната соба има француски кревет со димензии (200×160), 2 ноќни масички, кабловска ТВ. Во дневната соба има аголна гарнитура која се расклопува во легло со димензии (220×125), масичка, кабловска ТВ, трпезариска маса. Кујната е комплетно опремена со садови и прибор, рерна, рамна плоча со 2 рингли, аспиратор, фрижидер со комора за замрзнување, бокал за греење на водата. Купатилото е пространо со туш кабина, бојлер, пешкири и фен. Во ходникот има плакар. Парното греење е индивидуално.

Максимален капацитет е 3 возрасни лица + дете до 12 г.

Апартманите Тип Б се наоѓаат на приземје, прв и втор кат, со поглед кон улица и ски центарот или кон терените и планината. Сите имаат тераси. Во спалната соба има француски кревет со димензии (200×180) кој по потреба може да се раздвои во два единечни кревети со димензија (200×90) и бебешко креветче, ормар, 2 ноќни масички, кабловска ТВ. Во дневната соба има аголна гарнитура која се расклопува во легло со димензии (220×125), масичка, кабловска ТВ, трпезариска маса. Кујната е комплетно опремена со садови и прибор, рерна, рамна плоча со 2 рингли, аспиратор, фрижидер со комора за замрзнување, бокал за греење на водата. Купатилото е пространо со туш кабина, бојлер, пешкири и фен. Во ходникот има мини плакар. Парното греење е индивидуално.

Максимален капацитет е 3 возрасни лица + дете до 12 г. + бебе до 2 г.

Дуплекс апартман се наоѓа во поткровјето, со поглед кон улица и ски центарот. Нема тераса. Во едната спална соба има француски кревет со димензии (200×180) кој по потреба може да се раздвои во два единечни кревети со димензија (200×90), кабловска ТВ, во другата спална француски кревет со димензии (200×160), кабловска ТВ. Во дневната соба има аголна гарнитура која се расклопува во легло со димензии (220×125), масичка, кабловска ТВ, трпезариска маса. Кујната е комплетно опремена со садови и прибор, рерна, рамна плоча со 2 рингли, аспиратор, фрижидер со комора за замрзнување, бокал за греење на водата. Дуплексот е со пространо купатилото со туш кабина, бојлер, пешкири и фен и тоалет. Во ходникот има голем плакар. Парното греење е индивидуално.

Максимален капацитет е 5 возрасни лица + дете до 12 г. Дозволено е едно дете до 6 г. да дели кревет со родителите.

Чистење на апартманите е на 5 дена, како и промена на пешкирите и постелнината.