LAST MINUTE ЛЕТО 2019
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - БАЛИ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Lefkada - Vila Rigas - Nidri
Vila Rigas - Nidri

RIGAS Apartments е одличен објект, лоциран во првата линија на Нидри. Од едната страна достапен преку главната улица во Нидри, а од другата страна со само триесет метри оддалеченост од убавата плажа, Ригас сосема сигурно ќе го заслужи вашето внимание. Во својот состав брои неколку студија за сместување и повеќе соби кои нудат хотелски тип на сместување. Исклучително добро организираниот сервис, како и близината до градските и летните содржини, овој објект го прават наинтересен во овогодишната понуда за Лефкада. Студијата се воглавно двокреветни или со помошно легло, а опремени се со сопствена мини кујна, ТВ, клима, тоалет и балкон.

 


Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 или 9 ноќевања (без превоз)
 Попуст -30 € при резервација на пакет аранжман (сместување + автобуски превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

-За употреба на клима уред (ac*) во SPIROS се доплатува во објектот (каде што е достапен)

- Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

- За уплата на две смени одобруваме попуст од 10% на втората смена.

** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.

- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата) 

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 55 € (40 € за деца 2-12 год.)

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 

* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 

* Цените се објавени во Ценовник бр.2 за Грција, апартмани 2019, со важност до 30.04.2019 година. 

* Цените со попуст важат за резервација и 50% нерефундабилна уплата до 15.02.2019 година.

* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 

* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.  

* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. 

Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !

НАПОМЕНA:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.

 


ЛЕФКАДА - Вистинската игра на морето...

Нашето најголемо "јонско откритие", веќе неколку години се осликува во островот Лефкада. Барањето соодветни зборови за да се опише убавината на скриениот јонски архипелаг станува залудна работа, по само неколку дена престој на него. Опкружувањето на природата која врз него и неговата околина се поиграла, правејќи чудесни комбинации помеѓу прекрасното море и зеленото копно, ја плени уметничката душа кај секој нејзин посетител. Сината лагуна со својата тврдина, морските спрудови кои се поигруваат со гледката кон него, островот го прават сосема специфичен. ака близок, а сепак сокриен од патиштата на копното. Градот Лефкас кој иако не е пристаниште, со илјадниците бели едра на прекрасните едрилици, надалеку е познат како една од најголемите природни марини во Средозамјето. онскиот брег со скриените плажи е вистинскиот магнет кој во последните години го вброи во самиот врв на светските дестинации за одмор. Сурфинг центарот во јужниот дел на Лефкада, како и можноста за “екстремен” сурфинг со падобран на северниот дел од островото, го вбројуваат во самиот врв на атрактивните дестинации. Неговиот најпознат туристички бисер на источната страна од островото е градчето Нидри, а пак на западната страна кон отвореното море - живописното гратче Агиос Никитас 


ПРОГРАМА НА АРАНЖМАНОТ: 
01.ден                                 СКОПЈЕ - ЛЕФКАДА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 00:10 часот. Поаѓање за Грција во 00:30 ч. Ноќно возење со попатни одмори. По пристигнување во Лефкас - главниот град на островото, патувањето продолжува кон познатите туристички места Агиос Никитас и Нидри. Сместување според изборот на местото и објектите за престој. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

од 02. до 07. или 09.ден    ЛЕФКАДА (Агиос Никитас или Нидри) 
Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во местото и објектот по избор од програмата, студија и апартмани на база ноќевање. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.

08. или 10.ден                     ЛЕФКАДА - СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 09:00 часот. Во попладневните часови, заминување за Македонија. Дневно и ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во Скопје, во доцните вечерни часови.  
Автобуски превоз за ЛЕФКАДА, според табелата од пакет аранжманот

Место и време на поаѓање: 
Скопје        00:30 h         (паркинг спроти хотелот "Holiday Inn")
Велес         01:00 h         (БП, мотел Македонија)
Градско      01:10 h         (патарина Градско)
Росоман      01:20 h         (БП Црна Река петрол 1) 
Прилеп       02:15 h         (БП Лукоил)
Битола        03:15 h         (паркинг кај спортска сала)
Поаѓање од Грција: истиот ден попладне

Превоз со конекција од следните градови (со доплата 10 € по лице)   
Куманово      23:00 h *    (БП Макпетрол, автобуска станица)
Гостивар       22:00 h *    (паркинг кај Дом на култура)
Тетово          23:00 h *    (кружен тек кај Дом на култура)
Кочани         23:00 h *     (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип            23:45 h *     (паркинг пред пошта)  
Радовиш       23:00 h *     (БП Макпетрол)
Струмица      23:45 h *     (паркинг пред Тинекс)
Кичево         01:00 h        (БП Пуцко петрол, спроти ТА Меридијан)
Струга          01:15 h        (хотел Дрим, трафики)
Охрид           01:30 h        (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Ресен           02:15 h         (спроти автобуска станица)
Кавадарци    01:20 h         (БП Црна Река петрол 1, Росоман-Сирково)
* Превоз со конекција од градови обележани со "*" поаѓањето е ден порано од терминот на автобус.

ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ (сопствен превоз)
Насока: Скопје-Lefkada (550 km)С
Скопје-Битола (E75/Е65), Битола-Kozani-Ioannina (E65/E90),
Трошоци во еден правец: (износите се променливи)
Ioannina-Preveza (тунел)-Lefkada (E951/E55), Lefkada-Ag.Nikitas-Nidri-Vasiliki 
патарини MK(180ден),патариниGRитунел5,80€   
ИНТЕРЕСНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА: 
Плажите на Лефкада: Porto Katsiki beach, Kathizma, Egremnoi, Agios Giannis, Vassiliki beach… не се само имиња на плажи со кои се карактеризира овој остров. Тие се сигурно и нешто многу повеќе. Ако првата претставува една од најубавите плажи на медитеранот, која со својата специфичност на тиркизната боја на морето е вистински магнет за илјадниците капачи, останатите наброени по неа, се вистинска нејзина реплика и приказна која ја раскажуваат многуте повратниците од Лефкада. Додека брановите на Јонското море ве фрлаат низ песокта на уникатните плажи, помислете дека на дел од нив – можете да доживеете и нешто повеќе. “Сурфингот” или едрењето на штица е спорт кој на островото Лефкада претставува вистинска атракција. Светски познатиот центар за сурфинг e лоциран токму во местото Василики, кое нуди можност за малку поинтересен одмор. Додека сурфингот на едро или падобран на плажата Агиос Јоани, секако бара адреналин повеќе. Островото Skorpios – Малиот остров во јонскиот архипелаг, веројатно никогаш немал да биде познат доколку истиот не бил купен и целосно прилагоден за живот на еден милијардер каков што бил Аристотел Оназис. Како еден од трите јонски острови кои денес се само дел од богатството на семејството Оназис (проценето на преку 3 милијарди долари) претставува своевидна туристичка атракција. Овие островчиња, иако се затворени за туристички посети, тие се вистински магнет за многуте туристички крстарења кои почнуваат од Нидри и минуваат токму крај нив. Можеби и вие ќе бидете на некое од нив, гледајќи ги куќите на Оназис или пак капејќи се во островската лагуна на Жаклина (Кенеди) Оназис. Аristotelis Onasis (1906 – 1975) eден од најголемите светски бродовласници кој за својот живот успеал да добие битно место во светската историја, е поврзан токму со островот Лефкада и со Јонското море. Роден во Смирна (денешен Измир), како млад грчки емигрант од Турција, успева низ својот динамичен и полн со интриги живот, да стане синоним за успешен бизнисмен и еден од најбогатите луѓе во светот. Дали неговото богатство, политичките интриги, бурниот љубовен живот (Марија Калас, Жаклина Кенеди...) или пак несреќите кои ги прателе неговите наследници, ден денес ги привлекуваат илјадниците туристи да се потсетат на приказните за него. Големиот Ари – човекот кој со помош на морето и бродовите владеел со светот, денес е легенда која живее токму тука – на неговиот остров Шкорпион и блиската Лефкада.