ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - БАЛИ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Nei Pori - Vila Saint George
Vila Saint George

Вила СЕНТ ЏОРЏ се наоѓа во новиот дел на Неи Пори на 200 метри од плажата и е оддалечена 5 минути одење до центарот. На само неколку минути до вилата морето е доста плитко и токму поради тоа Неи Пори е идеално место за фамилијарен одмор со деца, каде што ќе бидете потполно безгрижни, додека вашите најмлади задоволно играат во песокта и во морето.

Во нашата понуда за вила Сент Џорџ имаме двокреветни и трокреветни студија распоредени на прв, втор и трет кат.  Сите студија се комплетно опремени со кујни (електричен шпорет без рерна, фрижидер, прибор за јадење), тоалет, пространи балкони, телевизор и клима уред, за кој доколку се користи, се доплаќа по 5 евра на ден. Пред самата вила има место за паркинг на сопствени возила.

  • Цените во табелите се изразени за пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум две лица во студио или четири лица во дуплекс апартман;
  • Цените се изразени во евра, а плаќањето е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 денари);
  • Сместување на трето и четврто лице во студио задолжително плаќа 30 евра;
  • Само превоз на наведените датуми за возрасни е 30 евра, а за деца до 12 години е 20 евра;
  • За користење на сопствен превоз се одбива 10 евра од цените во табелата;
  • Цените во табелата обележани со * не се одбива превозот и не важи попустот;
  • За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата. Во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
  • Доплата за туристичка такса за 1/2 и 1/3 студио е 0,5 евра по ден (се плаќа во објектот);
  • Доплата за туристичка такса за 1/4 и 1/6 апартман е 1 евро по ден (се плаќа во објектот);
  • Доплата за користење на клима уред е 5 евра на ден.

БУС 1 – Автобуски превоз според термини од табелата

05:00 часот тргнување од Куманово (пред ресторан Жмара);
06:00 часот тргнување од Скопје (паркинг спроти Саемот хотел ВИП);
06:45 часот тргнување од Велес (Бензинска пумпа Мак Оил Мотел Македонија);
07:30 часот тргнување од Кавадарци (Агенција Екстра Бус);
08:30 часот Граничен премин Богородица

БУС 2 – Автобуски превоз според термини од табелата 

05:30 часот тргнување од Прилеп (Бензинска ЛУКОИЛ), трансфер со минибус до Битола или Кавадарци;
06:30 часот тргнување од Битола (Паркинг Спортска Сала);
07:00 часот граничен премин Меџитлија

Поаѓање од Грција во 14:15 часот по локално време.

НАПОМЕНИ: Собите се преземаат во 13.00 часот на денот на пристигнување, а се напуштаат во 9.00 часот на денот на заминување по локално време;

Задолжително патничко – здравствено осигурување;