ЛЕТО 2022 - ГРЦИЈА
Nikiti - Vila Aleksandra
Vila Aleksandra

Куќа „Александра“ е лоцирана во исклучително мирен дел на Никити, оддалечена од гужвата и метежот кои во текот на највисоката сезона се интензивни. Истата има соптвен паркинг, голем убаво уреден зелен двор, а од плажата – море е оддалечена околу 100 метри. Четирикреветните студија се опремени со француски (брачен) кревет и легло на пуштање или француски кревет и два стандардни кревета, а во мезонетите има француски кревет во долниот дел како и француски кревет во горниот дел и директен поглед на море, сите се со комплетно опремени кујни. Интернет и клима вклучени во цената. Во собите има пешкири.

 

ТЕРМИН

НОЌЕВАЊА

ЧЕТИРИКРЕВЕТНО СТУДИО

ЧЕТИРИКРЕВЕТНА МЕЗОНЕТА

20/5-29/5

9

219

249

29/6-5/6

7

299

369

5/6-12/6

7

359

399

12/6-19/6

7

389

469

19/6-26/6

7

439

509

26/6-3/7

7

459

559

3/7-10/7

7

499

599

10/7-17/7

7

529

629

17/7-24/7

7

589

679

24/7-31/7

7

589

679

31/7-7/8

7

589

679

7/8-14/8

7

589

679

14/8-21/8

7

589

679

21/8-28/8

7

549

649

28/8-4/9

7

499

599

4/9-11/9

7

449

539

11/9-18/9

7

399

469

18/9-25/9

7

339

389

25/9-3/10

8

259

299

 

 

 

Напомени и услови:

 

Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд. Истите се дадени (објавени) за наем на цело студио (1/2 двокреветно, 1/3 трикреветно, 1/4 четирикреветно) за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа (на барање):

За возрасни 3.100 мкд. (50 евра) / во еден правец 2.170 денари (35 евра)

За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) / во еден правец 1.860 денари (30 евра)

Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште

Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.

Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.

Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман

Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.iguana.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница (www.iguana.mk) е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во канцеларијата

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ