ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Соко Бања

Празнична Викенд понуда / Соко Бања


08-10 Март 2019 / 2 полни пансиони + свечена вечера

 Соко Бања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини - од север планина Ртани на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.
Природни и лековити фактори во Соко Бања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух.  Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал.


Програм на патување

1ден/ 08.03 (петок) ШТИП/СКОПЈЕ - СОКО БАЊА

Поаѓање од Штип пред Стадионот во 05:00 часот. Поаѓање од Скопје пред Хотел VIP (наспроти саем) во 06:15 часот. Попатно од Куманово (бензинска пумпа Макпетрол - автопат) во 07:00 часот. Излез на граничниот премин Табановце со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Соко Бања околу пладне. Tрадиционален коктел за добредојде. Сместување во xотел Banjica 3*. Ручек во хотелот. Слободно време за одмор. Вечера. Ноќевање.


 

2ден/ 09.03 (сабота) СОКО БАЊА
Појадок. После појадокот, заминување на пешачки разглед низ центарот на Соко Бања и излетничкото место Лептерија. Враќање во хотел. Ручек. Слободено попладне за одмор или индивидуални активности или релаксација во базенот и џакузито на хотелот. Вечерта, свечена осмомартовска вечера со жива музика и богато мени. Ноќевање.


3ден/ 10.03 (недела) СОКО БАЊА - СКОПЈЕ/ШТИП
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот. Слободно време до поаѓање за Македонија во 12:30 часот. Пристигнување во Скопје/Штип во вечерните часови.


 

хотел BANJICA 3* - Соко Бања

цена по лице за  2 полни пансиони и превоз
појадок / ручек / свечена вечера со жива музика
85€ / 5.270 мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:
 

- Сместување во DBL/TRPL соби во хотел Banjica 3* во Соко Бања;
- 2 полни пансиони (појадок/ручек/Свечена вечера со музика);
- Оганизиран превоз на наведената релација со автобус/минибус;
- Wellness центар (солена соба / џакузи / базен...);
- Вклучена туристичка такса.


Попусти и доплати:

- Деца од 2 до 12год. - 1000мкд попуст;
- Трет возрасен на редовно легло - 4.960мкд;
- Доплата за Неограничени пијалоци за време на Свечената вечера - 5€ (се плаќа на лице место);
- Патничко осигурување - 150мкд. 


Напомена: 

За овој аранжман може да се патува и само со лична карта.
За уплата, задолжително во денарска противвредност 1€ - 62 мкд.
За реализација на аранжманот, потребно е минимум 20 патници.