ЛЕТО 2024 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2023 - ТУНИС
Palouri - Vila Chrouso Palace
Vila Chrouso Palace

За сезоната Лето 2019 повторно ја имаме најдобрата понуда во Паљури, најубавата плажа на најјужниот дел на Касандра, комбинација на кристално чиста вода, златен песок и борова шума... На само осум километри подалеку од Пефкохори, ќе го најдете најубавото место за вистински одмор... Селото е со типично грчка архитектура-традиционални камени куќи, тесни поплочени улици, има неколку продавници, месара, рибарница, таверни и ресторани. На само 1200 метри од селото се наоѓа плажата Chrouso Beach која всушност се состои од три плажи: Horuso, Ksenija и Alonaki. Плитка вода, природна заштита од сонце, златен песок, неколку барови на плажата со одлична услуга, удобни лежалки и задолжително добра музика. Тоа е Паљури, местото каде во текот на едно деноноќие се собираат туристи од најблиските места преку ден да уживаат во беспрекорната плажа, а навечер да бидат дел од лудата забава. Тука, во оваа убавина, Ви ја предлагаме вилата Chrouso Palace  градена од камен, опкружена со борова шума и со најубавите цветни градини. Вилата Chrouso Palace се наоѓа на 800 метри од плажата. Гарантирано најубавото апартманско сместување што досега сме го понудиле на нашите туристи: собите се чистат секој ден, постелнината и крпите се менуваат после секој трети ден, опремени кујни, пространи тераси со незаменлив поглед на преубавото зеленило, голем двор со издвоен дел за подготвување скара, посебен дел со играчки за децата, интимни масички поставени под осветлените палми каде можете да уживате во амбиентот,паркинг. Сместувачките капацитети се наоѓаат на приземје, затоплувањето на водата е комбинирано-со бојлер и со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.Вилата е наменета за оние кои посакуваат мирен одмор...во непосредна близина се наоѓа хотелот  Chrousso Vilage 4* кој во својот состав има продавница од каде можете да набавите најосновни прехранбени продукти. За останатите артикли имате одлично снабдени продавници во селото Паљури, а доколку Ви недостига вечерната гужва, на неколку километри  се Пефкохори, Ханиоти и Полихроно.

Напомена: Во четирикреветните апартмани можат да се сместат макимално 4 возрасни лица и едно дете-3год 

 

20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО УПЛАТА ДО 01.12.2018

Вила „Chrouso Palace” - Паљури

Термин:

Ноќевања:

1/4 апартман

01.06-11.06.2019

10

21.700 ден (350 €)

11.06-21.06.2019

10

27.900 ден (450 €)

21.06-01.07.2019

10

34.100 ден (550 €)

01.07-11.07.2019

10

40.300 ден (650 €)

11.07-21.07.2019

10

46.500 ден (750 €)

21.07-31.07.2019

10

46.500 ден (750 €)

31.07-10.08.2019

10

46.500 ден (750 €)

10.08-20.08.2019

10

46.500 ден (750 €)

20.08-30.08.2019

10

40.300 ден (650 €)

30.08-09.09.2019

10

34.100 ден (550 €)

09.09-19.09.2019

10

21.700 ден (350 €)

19.09-29.09.2019

10

15.500 ден (250 €)

 

- Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10  ноќевања без вклучен превоз

- Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Паљури

- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

- Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра