ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - БАЛИ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Стразбур

 

Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсаѓот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност... Главен град на регионот е СТРАЗБУРкој е еден од најзначајните центри на Европската Унија. Карактеристично за овој регион се лозовите насади кои ги даваат едни од најпознатите сорти на вина, врв на светскиот квалитет на бели вина од ароматични сорти на грозје. Со својата величествена и дива убавина, планинскиот масив ШВАРЦВАЛД ( Црната Шума) во германската сојузна држава Баден – Буртенберг формира издолжен правоаголник помеѓу градовите Карлсруе, Штудгард, Базел и езерото Констанца. Шварцвалд отсекогаш фасцинирал и инспирирал со непрегледните низи на ели, борови и буки, потоци, реки и горски езера, пасишта и ливади... аво плодната долина се сместени симпатичните градчиња и села...

СТРАЗБУР – АЛЗАС – ШВАРЦВАЛД

Авион 4 дена / 3 ноќевања

Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсаѓот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност... Главен град на регионот е СТРАЗБУРкој е еден од најзначајните центри на Европската Унија. Карактеристично за овој регион се лозовите насади кои ги даваат едни од најпознатите сорти на вина, врв на светскиот квалитет на бели вина од ароматични сорти на грозје. Со својата величествена и дива убавина, планинскиот масив ШВАРЦВАЛД ( Црната Шума) во германската сојузна држава Баден – Буртенберг формира издолжен правоаголник помеѓу градовите Карлсруе, Штудгард, Базел и езерото Констанца. Шварцвалд отсекогаш фасцинирал и инспирирал со непрегледните низи на ели, борови и буки, потоци, реки и горски езера, пасишта и ливади... аво плодната долина се сместени симпатичните градчиња и села...

Ден 1          27.04.2019               Скопје – Баден Баден - Хајделберг - Стразбур

Состанок на група во 04.00 часот на аеродромот Александар Велики во Скопје . Полетување за Баден Баден во 05.55 часот, слетува во 08.15 часот. Автобусот за трансфер групата ја пречекува на аеродром и се продолжува на разглед на Баде-Баден, кое се наоѓа во подножјето на Шварцвалд, на реката Ос и птретставува вистинска оаза на Германската култура и историја. Во градот се наоѓаат 14 термални извори, познати по сбоите лековити својства, па затоа и градот е идеално место за бански туризам. За неговото славно минато светочат големите раскошни палати и вили со прекрасно уредени паркови и 3километри долгото шеталиште. Патувањето го продолжуваме кон Хајделберг, романтично градче сместено на реката Некар. Артакција е ренесансниот замок на брдото над градот кој спаѓа меѓу најимпресивните објекти во Германија и опстојува повеќе од 700 години, се вбројува во топ 10 најпопуларни европски знаменитости со повеќе од 3 милиони туристички посети годишно. Градот е седиште на една од најстарите образовни институции во Европа – Универзитетот Руперт-Карл, основан во 1386-та година. Панорамско разгледување на градот: Карловата капија 18-ти век, Замокот Хајделберг 14-ти век, Градското собрание од 14-ти век, стариот градски плоштад, стариот мост на Некар долг 200 метри од 18-ти век, готската црква на Свeтиот Дух од 14-ти век, Универзитетската четврт, Алејата на филозофите со најубав поглед на стариот дел на градот. Патување до Стразбур. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

Ден 2             28.04.2019                Стразбур

Појадок. Разглед на Стразбур - град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Европскиот совет и на Европскиот парламент, Маѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот: величенствената катедрала Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот, заштитена како светско културно наследство од УНЕСКО во 1988-ма година, познат и како мала Франција е најсликовит дел на Стразбур изобилува со шарени градби од дрво кои се градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Слободно попладне.Ноќевање.

Ден 3        29.04.2019                Стразбур – Риквир – Колмар – Фрајбург

Појадок. Целодневен факултативен излет во Алзас. Патувањето почнува од селото Риквир едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милијон туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Продолжување на патувањето го градчето Колмар, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани... Религиските и културни знаменитости во Колмарсе протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден.. Поаѓање кон градчето Фрајбург кој го носи епитетот бисерот на Шварцвалд. Иако за време на Втората светска војна бил сосема уништен, полека и прецизно е реставриран до последниот детал, па денес важи за еден од најубавите средновековни градови во Европа. Прошетка по главниот плоштад со катедралата Мунстер и камбанаријата висока 116 метри, познатата трговската зграда од 16-ти век со темноцрвена фасада, градското собраниеод 16-ти век, плоштадот на Аугистините со манастирот каде има скали налик на познатите Шпански скали во Рим. Враќање во Стразбур. Ноќевање.

Ден 4          30.04.2019                          Стразбур – Базел – Скопје

Појадок. Слободно време до поаѓање за Базел. Пристигнување во Базел, предвидена е прошетка низ градот. Трансфер до аеродром. Лет на Визер во 21.45 часот. Пристигнување во Скопје во 23.55 часот.

 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

27.840 ден (449 €)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски билет на релација Скопје – Баден Баден / Базел – Скопје

- Сите трансфери по програмата со автобус

- Сместување во хотел Maison Rouge  4**** во Стразбур, на база 3 ноќевања со појадок  http://www.maison-rouge.com/en/hotel.html 

- Организиран разглед на Стразбур, Баден Баден и Хајделберг

- Рачен багаж со димензии 40х30х20цм

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Ø Аеродромски такси 3.990 мкд

Ø Доплата за рачен багаж – ВИЗ приорити до 10кг (55х40х23) = 1.300ден /

чекиран куфер до 10кг = 1.900 ден / до 20кг = 3.100 / до 32 кг = 4.500 ден

Ø Туристичка такса се плаќа во агенција 750 ден

Ø Целодневен факултативен излет до Фрајбург, Колмар, Риквир 85 евра

Ø Крстарење по каналите на Стразбур 20 евра

Ø Влезници за локалитети и културно-историски споменици

Ø Задолжително патничко осигурување

Ø Доплата за еднокреветна соба 6.500 ден

 

НАПОМЕНИ:

v За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.

v За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници.

v Организаторот го задржува правото на промена во програмата во случај на промена на лтовите од авиокомпанијата.

v За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ.

v Цените се дадени во Евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

Пасоштот МОРА за има важност минмум 3 МЕСЕЦИ од завршувањето на патувањето.