ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - БАЛИ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Кушадаси

ВЕЛИГДЕН ВО КУЌАТА НА БОГОРОДИЦА

КУШАДАСИ-ПАМУК КАЛЕ-ЕФЕС-ИЗМИР

(25.04.2019 – 29.04.2019)

 

Прв ден: 25.04.2019 (четврток)

15.00 часот.Заминување на групата од Македонија кон Турција од Скопје и од Кавадарци во 17.00 часот (пред туристичките агенции). Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори. Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на  Дарданелите со фериброд. Пристигнување во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале.

Втор ден: 26.04.2019 (петок)

Краток одмор од патувањето и панорамско разгледување на Чанак Кале со задолжителна фото пауза пред макетата на коњот користен во текот на снимањето на филмот Троја. Продолжување на патувањето покрај планината Ида и Бергамо кон Кушадаси. Во попладневните часови пристигнување во Кушадаси. Сместување во хотел  4****во Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

Трет ден: 27.04.2019 (сабота)

Појадок. Заминување на групата кон Памук Кале со попатна посета на хотелскиот комплекс со термални извори „Пам“. Единствена можност за мачкање со лековита кал и користење  на базените со термална бања. Ручек на богата шведска маса (факултативно). По ова несекојдневно доживување, посета на единствениот природен феномен во светот Памук Кале и античкиот Хиераполис и изворот на Клеопатра. Слободно време за користење на изворите за капење (факултативно). Враќање во Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

Четврти ден: 28.04.2019 (недела)

Појадок. Заминување на групата кон Ефес. Пристигнување и присуство на свештената служба во најсветото место во Ефес - куќата на Дева Марија каде што Богородица живеела последните седум години од својот земски живот. По разгледувањето и престојот на најубавото и најсветото место за Велигден, продолжуваме кон  античкиот град  Ефес-трет по големина во Римската Империја. Разгледување на градот со локален туристички водич. Попатна посета на остатоците од Храмот на Артемида-едно од седумте светски чуда, а потоа заминување кон Кушадаси. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

Петти ден: 29.04.2019 (понеделник)

Појадок. По појадокот заминување на групата кон Измир-древната Смирна, родното место на слепиот поет Хомер. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки на плоштадот Конак. Околу пладне заминување кон Македонија преку протокот Дарданели и Република Грција со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија во утринските  часови во вторник на 30. април.

 

Промотивна цена за уплата до 01.03.2019........ 169 евра (10.480 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ......... 179 евра (11.100 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 01. март и целосна доплата до 01. април

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус

- Три полупансиони (ноќевање, појадок и вечера- шведска маса) во хотел  4**** во Кушадаси

- Посета на Измир

- Билет за фериброд

- Организација на аранжманот и  придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Факултативни излети до Памук Кале и до Ефес (автобуски презвоз, влезница во Памук Кале, користење на калните бањи и базените со термална вода во хотел  „Пам“  и ручек на шведска маса,  влезница во  Ефес, влезница во  Куќата на Богородица (со вклучен туристички водич) – 60 евра

- Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници