ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА 2019
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
СИЦИЛИЈА 2019
Parga - Vila Mathias
Vila Mathias

Објектот Mathias е двокатна зграда со повеќе студија, наменета исклучиво за туристичко престојување во Парга. Нејзината местоположба која иако ја лоцира на кружниот пат над градот, воедно и овозможува и прекрасен поглед врз Парга и нејзиниот залив. Со својата одлична опременост и степенесто распоредените балкони, оваа вила овозможува одличен престој за секој нејзин гостин. Одличната опременост на двокреветните студија, како и паркинг место за секое од нив, ја издвојува во нејзината комфорност за престој пред многу слични објекти. Оддалеченоста од градските гужви и приближно истото растојание од сите три плажи на Парга, воедно и дава преднсот за сите оние кои во Парга би отпатувале со сопствен превоз.

Mathias 12 2018

Попуст -30 € при резервација на пакет аранжман (сместување + автобуски превоз).

Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 или 9 ноќевања (без превоз)
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)
 
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- За употреба на клима уред (ac*) се доплатува во објектите (каде што е достапен)
- Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- За уплата на две смени одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата) 
 
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 50 € (37 € за деца 2-12 год.)
 
ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. 
   Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
* Цените се објавени во Ценовник бр.1 за Грција, апартмани 2019, со важност до 31.12.2018 година. 
* Цените со попуст важат за резервација и доплата на аранжманот до 31.12.2018 година. 
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.  
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. 
Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !
 
НАПОМЕНA:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.