LAST MINUTE ЛЕТО 2019
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Athos - Vila Anastasia Nea Roda
Vila Anastasia Nea Roda

Живописното приморско место Неа Рода  е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено... Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близина на апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата  Voulitsa. Атрактивната песочна плажа  ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.

Вилаta Anastasia e лоцирана во строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Вилата има два четирикреветни дуплекс  апартмани на прв спрат, еден седумкреветен дуплекс апартман и едно трикреветно студио на високо приземје. Апартманите имаат по две посебни спални соби, купатила, тераси, издвоена кујна комплетно опремена со мини електричнен шпорет со рерна, телевизор  и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО УПЛАТА ДО 01.12.2018

Вила „Anastasia” - Неа Рода

Термин:

Ноќевања:

1/3 студио

1/4+1 апартман

1/7+1 апартман

26.05-05.06.2019

10

12.400 ден (200 €)

15.500 ден (250 €)

18.600 ден (300 €)

05.06-15.06.2019

10

16.740 ден (270 €)

19.840 ден (320 €)

22.940 ден (370 €)

15.06-25.06.2019

10

19.840 ден (320 €)

26.040 ден (420 €)

29.140 ден (470 €)

25.06-05.07.2019

10

22.940 ден (370 €)

32.240 ден (520 €)

38.440 ден (620 €)

05.07-15.07.2019

10

26.040 ден (420 €)

35.340 ден (570 €)

41.540 ден (670 €)

15.07-25.07.2019

10

29.140 ден (470 €)

38.440 ден (620 €)

44.640 ден (720 €)

25.07-04.08.2019

10

29.140 ден (470 €)

38.440 ден (620 €)

44.640 ден (720 €)

04.08-14.08.2019

10

29.140 ден (470 €)

38.440 ден (620 €)

44.640 ден (720 €)

14.08-24.08.2019

10

29.140 ден (470 €)

38.440 ден (620 €)

44.640 ден (720 €)

24.08-03.09.2019

10

26.040 ден (420 €)

32.240 ден (520 €)

35.340 ден (570 €)

03.09-13.09.2019

10

19.840 ден (320 €)

26.040 ден (420 €)

29.140 ден (470 €)

13.09-23.09.2019

10

15.500 ден (250 €)

21.700 ден (350 €)

24.800 ден (400 €)

 

- Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10  ноќевања без вклучен превоз

- Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

 - Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Рода

- Тргнување од Скопје во 04.00

- Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра