ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
Златибор

ДОЧЕК НА НОВАТА 2020 ГОДИНА-ЗЛАТИБОР

 (Сирогојно, Дрвенград и Вишеград)

(29.12.2019 – 02.01.2020)

Прв ден: 29.12.2019 (недела)

21:00 часот Заминување на групата во договореното мести и време кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 30.12.2019 (понеделник)

Пристигнување во Златибор во утринските часови. Краток одмор од патувањето. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно. Разгледување на единствениот Музеј под отворено небо каде има педесетина оригинални златиборски  куќи-брвнари во кои се изложени околу 2000 експонати, како и Музејот на плетачките и продавниците за џемпери, по кои селото Сирогојно е познато во светот. Пауза за кафе и закуска во еден од рестораните во Сирогојно. Враќање во Златибор. Сместување во хотел „Cigota“ 3*** (www.cigota.rs). Слободно време за одмор, индивидуални активности и за уживање во базенот во хотелот (бесплатно користење). Хотелот располага и со модерен релакс центар чии услуги можете да ги користите со доплата (две фински сауни, парно купатило со арома терапија, две хидро-кади, солариум). Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

Трет ден: 31.12.2019 (вторник)

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и за разгледување на убавините на Златибор. Вечера во ресторанот. Вечерта, организиран дочек на Новата 2020 година на плоштадот во Златибор со богата музичка програма. Ноќевање.

Четврти ден: 01.01.2020 (среда 

Појадок. Потоа  организирано заминување (факултативно) кон двата града изградени од познатиот филмски режисер Емир Кoстурица: Дрвенград - етно селото на Меќавник изградено за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“ и Андриќевиот град во Вишеград, сместен меѓу  реките Дрина и Р`зава во Република Српска-Босна и Херцеговина, инспириран од делата и ликовите на нобеловецот Иво Андриќ. Тој е всушност визија како Вишеград можел да изгледа да не го заобиколиле ренесансата и другите историски периоди. Враќање во Златибор во попладневните часови. Вечера. Слободно време за индивидуални активности и забава на плоштадот. Ноќевање. 

Петти  ден:02.01.2020 (четврток)

Појадок. Шопинг на прочуениот пазар кој изобилува со домашни производи од ова поднебје. Околу пладне заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

 

Промотивна цена за уплата до 01.11.2019........ 169 евра (10.480 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........179 евра (11.100 денари)

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30% аконтација до 01. Ноември

и целосна доплата до 10. Декември

(плаќање во денарска противвредност)

Напомена: Цената за сместување во двокреветна еconomy room се намалува за 10 евра по лице!

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус

- Три ноќевања со појадок  и вечера  во хотел „Cigota“ 3*** во Златибор

- Посета на Сирогојно  со локален туристички водич

- Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Посета на Дрвенград и Вишеград со локален туристички водич – 10 евра

- Влезница во музејот во Сирогојно - 150 динари

- Влезница во Дрвенград - 250 динари

- Доплата за еднокреветна соба - 20 евра (за трите вечери)

- Туристичка такса (се плаќа во агенцијата) - 1.15 евра по лице од вечер

- Патничко осигурување

Услови за деца: До 7 години бесплатно (во заеднички кревет со две возрасни лица),  од 2-12 години плаќаат 70 % од цената на аранжманот доколку користат сопствен кревет. Во случај на сопствен превоз цената се намалува за 10 евра.

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници