SKI OPENING КОПАОНИК
ЛЕТО 2023 - ГРЦИЈА
Авионски Програми - Виена & Братислава
Виена & Братислава

ВИЕНА и БРАТИСЛАВА

АВИОН/ 4 дена/ 3 ноќевања

02. Декември  (Петок)                                СКОПЈЕ – ВИЕНА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 17:30 часот. Полетување за Братислава во 19:50 и слетување во 21:25 часот. Трансфер од Братислава до Виена (80 km) и сместување во хотел. Ноќевање.

03. Декември  (Сабота)                              ВИЕНА

Појадок. Панорамски разглед на ВиенаДворецот Белведере изграден од  Еуген Савојски,  обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта... Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Прошетка во центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан симбол на градот и државата, Дворецот Хофбург којбил седиште на моќното Хабсбуршко царство, а денес е резеденција на австрискиот претседател... Можност да се почувствува атмосферата на виенските кафулиња со “melange” кафе и захер торта. Ноќевање.

04. Декември  (Недела)                             ВИЕНА

Појадок. Посета на најголемиот шопинг центар во Австрија  SCS – Shopping City Süd, кој зафаќа површина од 176000 м2 и има над 330 дуќаниСлободно попладне за посета на предновогодишен базар. Можност да се почувствува празничната магија со мирисот на ароматичните пекарски производи, печени бадемислатки и топли пијалоци за загревање. Рингишпил и забавни работилници за деца, божиќни подароци,  весела музика Вечерта, факултативно, посета на ресторан и можност да се проба “вистинска” виенска шницла. Ноќевање.

 

05. Декември  (Понеделник)                  ВИЕНА-БРАТИСЛАВА-СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер до Братислава  и разглед на градот. Посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Разгледот продолжува кон старото градско јадро: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Михалската порта, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт... Слободно време за кафе пауза и ручек. Полетување за Скопје во 22:20 и слетување во 23:50 часот.

 

За уплата до 05 Ноември     329 евра   (20.400 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:               37евра   (23.500 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје

- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)

- Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот и обратно

- Сместување во Хотел 3*/ 4* во Виена на база 3 ноќевања со појадок

- Разглед на Виена со локален водич според програмата

- Разглед на Братислава според програмата

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси 4.500 денари

- Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 10kg) 2.250 денари

- Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg) 3.500 денари

- Туристичка такса 740 денари (се плаќа во Агенција)

- Посета на Шенбрун 45 евра (трансфер, влезница, водич) или 10 евра трансфер до Дворецот Шенбрун

- Организирана вечера во ресторан

- Влезници во локалитетитекарти за локален превоз

Патничко – здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ: За овој аранжман важат Општите услови за патување на Магелан Травел Сервис

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници

Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето