SKI OPENING КОПАОНИК
ЛЕТО 2023 - ГРЦИЈА
Златибор

ДОЧЕК НА НОВА 201ГОДИНА - ЗЛАТИБОР

(Сирогојно, Дрвенград)

(29.12.2017 – 01.01.2018)

Прв ден:29.12.2017 (петок)

21:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции)кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 30.12.2017 (сабота)

Пристигнување во Златибор во утринските часови. Краток одмор од патувањето. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно. Разгледување на единствениот Музеј под отворено небо каде има педесетина оригинални златиборски куќи-брвнари во кои се изложени околу 2000 експонати, како и Музејот на плетачките и продавниците за џемпери, по кои селото Сирогојно е познато во светот. Пауза за кафе и закуска во еден од рестораните во Сирогојно. Враќање во Златибор. Сместување во хотел „Wai Tai“ 3*** (www.stczlatibor.rs) во двокреветни соби (Објектот е регистриран како спортско-туристички центар категоризиран со 3 * и се наоѓа веднаш до Кралските Конаци, во непосредна близина на центарот во Златибори на само стотина метри од езерото. Сместувањето е во economy соби.) Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

Трет ден:31.01.2017 (недела)

Појадок. Потоа организирано заминување (факултативно) кон Дрвенград -етно селото на Меќавник изградено од познатиот филмски режисер Емир Кустурица за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“. Селото има галерија на слики, библиотека, кино, слаткарница со домашни колачи и природни сокови кои носат имиња на познати личности. Враќање во Златибор во пладневните часови. Слободно време за индивидуално разгледување на убавините на Златибор. Вечера во ресторанот на хотелот. Вечерта, организиран дочек на Новата 2018 година на плоштадот во Златибор со богата музичка програма и забава со познати естрадни уметници. Ноќевање.

Четврти ден:01.01.2018 (понеделник)

Појадок. Околу пладне заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........129 евра (7.990 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок и вечера во хотел „Wai Tai“ 3*** во Златибор( economy соби)

- Посета на Сирогојно со локален туристички водич

- Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Посета на Дрвенград со локален туристички водич – 5 евра

-  Влезница во музејот во Сирогојно.....150 динари

 - Влезница во Дрвенград....250 динари

- Користењето на релакс центарот во хотелот

- Туристичка такса...1.10 евра по лице на ден (се плаќа на рецепција во хотелот)

 - Патничко осигурување

Услови за деца: До 7 години бесплатно (во заеднички кревет со две возрасни лица), деца од 7-12 години плаќаат 70 % од аранжманот).

Во случај на сопствен превоз цената се намалува за 10 евра