LAST MINUTE ЛЕТО 2019
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Lefkada - Vila Filoxenia - Nikiana
Vila Filoxenia - Nikiana

Куќа “Filoxenia” е лоцирана на само 80 метри од плажата во Никијана. Располагаме со дуплекс апартмани, апартмани и трикреветни и двокреветни студија. Сите се со комплетно опремена кујна, тоалет, ТВ, тераси , клима уред(вклучен во цена), бесплатен интернет.

 

Термин

Ноќевања

1/2 стд.

1/3 стд.

1/4 стд.

1/4 апп

1/6 дуп

04.јун

9

249

269

289

309

335

13.јун

9

299

329

349

369

399

22.јун

9

349

369

389

409

435

01.јул

9

399

439

469

489

529

10.јул

9

435

475

515

545

589

19.јул

9

495

555

595

625

689

28.јул

9

495

555

595

625

689

06.авг

9

495

555

595

625

689

15.авг

9

495

555

595

625

689

24.авг

9

445

485

525

555

599

2 септем.

9

299

329

349

369

399

11 септем.

9

249

269

289

309

335

20 септем.

10

199

219

239

259

285

 



Цените во се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

Истите се за наем на цело студио или апартман, за број на ноќевања кој е запишан во табелата.

Термините во табелите се денови на тргнување од Скопје во 23.00 часот, состанок на групата во 22.30 часот (на паркингот спроти хотел “ Холидеј Ин”). Поаѓање од Велес во 23.45ч (бензинска пумпа Макоил, мотел Македонија), аранжманот започнува следниот ден

За патниците кои користат организиран превоз преку агенцијата, тргнувањето е еден ден порано од објавените датуми

 

За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

 

Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 

Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.

 

Цена по лице за превоз:

Возрасни 3.100мкд. (50 евра)

Деца до 12 години 2.170мкд. (35 евра)

Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашита агенција. 

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите.

Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција.  

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ.