LAST MINUTE ЛЕТО 2019
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - БАЛИ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Vrahos - Vila Filoxenia
Vila Filoxenia

Овој објект кој се наоѓа во средишниот дел на Врахос, привлекува внимание со модерниот изглед, широкиот и со зеленило збогатен плац, како и со убаво средените единици за сместување. Сите единици се карактеризираат со посебни спални соби, кујни, тоалети и балкони со гарнитури за одмор. Близината до големата плажа, како и до останатите содржини во ова се попознато туристичко место, вилата Фолоксенија ја издвојуваат како квалитетен и соодветен објект за престој во тек на вашиот одмор.



Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 или 9 ноќевања (без превоз)
  Попуст -30 € при резервација на пакет аранжман (сместување + автобуски превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- За употреба на клима уред (ac*) се доплатува во објектите (каде што е достапен)
- Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- За уплата на две смени одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата) 

 АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 50 € (37 € за деца 2-12 год.)


ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
* Цените се објавени во Ценовник бр.2 за Грција, апартмани 2019, со важност до 30.04.2019 година. 
* Цените со попуст важат за резервација и 50% нерефундабилна уплата до 15.02.2019 година.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.  
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. 
Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !

НАПОМЕНA:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.