ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2020 - ЕГИПЕТ
Брисел

БРИСЕЛ – АНТВЕРПЕН - ЛУКСЕМБУРГ

14 март                  СКОПЈЕ - БРИСЕЛ                                                            

Состанок  на групата на аеродромот во Скопје во 10.30 часот. Авионот за Брисел полетува во 12.20, слетува во 15.10 часот. Трансфер од аеродром со разглед на градот: – градот познат по чоколадата, пивото и гастрономијата. Разглед на административниот центар на Европската Унија каде се наоѓаат Европскиот  Парламент, Советот на Европската Унија, Кралската палата, Катедралата, Атомиумот - неверојатното архитектонско дело изградено за светската изложба Expo, фонтаната Манекен Пис... и сместување во хотел. Слободно. Ноќевање.

15 март                  АНТВЕРПЕН И БРИЖ

Појадок. Антверпен се наоѓа во регионот Фландрија, во покраината Антверпен, сместен во северозападниот дел на Белгија, на брегот на реката Шелда. Еден од најголемите пристанишни центри во Европа и стопански центар на Белгија, кој своето име го добил по џинот Антигон. Легендата вели дека џинот барал високи такси за бродовите кои пловеле по реката и ги сечел рацете на тие кои немале пари да платат. Меѓутоа еден храбар римски војник чул за овој варварски чин, одлучил да се спротивстави, му ја исекол раката на џинот и ја фрлил во реката. Името на градот настанал по оваа легенда, Handwerpen значи фрлање рака. Разглед на градот: Најголемата готска црква-каедрала во Европа “Onze lievevrouwekathedral” украсена со ремек делата на Рубенс, Музејот за дијаманти, Grote Markt – старата чаршија во центарот на градот, музејот Платим-Моретус под заштита на УНЕСКО и ја прикажува историјата на новите технологии и напредокот на модерниот човек, куќата- музеј на Петер Пол Рубенс - легендарниот сликар од барокната ера, музејот Руиен кој посетителите ги води во подземните канали на градот каде може да се види наследството на градот, зоолшката градина како една од најстарите во светот... Патувањето продолжува кон Бриж, кој го сметаат за еден од најубавите мали градови во Европа. Град кој го нарекуваат "Венеција на северот", вистински скапоцен камен на овој дел од Европа, опкружен со живописни канали. Со неговата  целосно зачувана готска архитектура, Бриж е под заштита на УНЕСКО. Разглед на градот: Главниот плоштад, Градското собрание, Црквата Пресвета Богородица... Слободно време за крстарење по каналите или дегустирање на познатите белгиски пива. Враќање во Брисел во вечерните часови. Ноќевање.

16 март  ЛУКСЕМБУРГ       

Појадок. Полудневен факултативен излет во Луксембург. Големото Војводство Луксембург – земја богата со културни споменици и сликовити пејсажи. Позната по старите дворци и палати, карпестата уметност (северниот дел Луксембург е богат со пештери исцртани со цртежи од праисторијата), подземните канали кои во Првата и Втората светска војна служеле како засолниште за десетици илјади граѓани. Денес дел од тие канали се подземни галерии и туритички атракции. Прошетка и запознавање на  градот: старото градско јадро сместено на стрмен дел од градот, плоштадот Армс, градското  Собрание, Војводската Палата, споменикот на кнегињата Шарлот, Катедралата.Враќање во Брисел во попладневните часови. Слободно попладне. Ноќевање

17 мар                   БРИСЕЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време. Организиран трансфер до аеродром. Авионот за Скопје полетува во 15.45, пристигнување во Скопје во 18.20 часот.

 

 

ЦЕНА за уплати до 20.12:     349€ (21.640,00 мкд)

Цена на аранжманот:      389€  (24.120,00 мкд)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Брисел-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см до 8кг)
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Сместување во Хотел 3* во Брисел на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Брисел
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 3.990 мкд
  • Доплата за кабински багаж до 10кг -1.300 мкд /  чекиран багаж - куфер до 10кг - 2.400 мкд *(цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
  • Екскурзија Антверпен и Бриж 75 евра
  • Екскурзија Луксембург 65 евра
  • Туристичка такса - 600 мкд, се плаќа во агенција
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 6.900 мкд

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
  • За факултативните излети се изјаснувате во агенцијата при уплата на аранжманот, како би можеле истите навремено да се резервираат и организираат.
  • Факултативните излети се уплатуваат во агенција или првиот ден од патувањето, доколку се изјасните за посета, истата не може да се откже на лице место.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ.
  • Цената на аражманот се во агенција, исклучиво во денари, по курс 1€ = 62,00мкд.
  • При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата.
  • Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени:

  • Организаторотго задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја промени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, музеи, нституции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на програмата, во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето