Автобуски Програми - Златибор (Дрвенград&Вишеград)
Златибор (Дрвенград&Вишеград)

1 ден (сабота) СКОПЈЕ - ЗЛАТИБОР - СИРОГОЈНО
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 02:30 часот. Поаѓање за Златибор во 03:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во утринските часови во Златибор. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно. Разгледување на единствениот музеј под отворено небо каде има педесетина оригинални златиборски куќи-брвнари во кои се изложени околу 2000 експонати, како и музејот на плетачките и продавниците за џемпери, по кои селото Сирогојно е познато во светот. Пауза за кафе во еден од рестораните во Сирогојно. Враќање во Златибор. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање

2 ден (недела) ЗЛАТИБОР – ДРВЕНГРАД - ВИШЕГРАД
Појадок. Препорачуваме Факултативно организирано заминување кон двата града изградени од познатиот филмски режисер Емир Кустурица: Дрвенград -етно селото на Меќавник изградено за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“ и Андриќевиот град во Вишеград, сместен меѓу реките Дрина и Р`зава во Република Српска-Босна и Херцеговина, инспириран од делата и ликовите на нобеловецот Иво Андриќ. Тој е всушност визија како Вишеград можел да изгледа да не го заобиколиле ренесансата и другите историски периоди. Враќање во Златибор во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности.Во вечерните часови препорачуваме факултативна вечера во ресторан. Вечера Ноќевање.

3 ден (понеделни) ЗЛАТИБОР – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Пристигнување во Македонија во вечерните часови

Цена на аранжманот: 115 € (7.130,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со туристички автобус на наведената релација
• Сместување во Хотел Мир 3*** на база 2 полупансиони
• Посета на Сирогојно
• Организирани туристички разгледи според програмата
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Влезници за музеите и културно - историските споменици
• Факултативна вечера во ресторан
• Факултативна посета на Дрвенгард 10€
• Влезница во музејот во Сирогојно и влезница во Дрвенград
• Патничко здраствено осигурување други неспоменати посети и услуги

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ