ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - БАЛИ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Автобуски програми - Будва & Острог
Будва & Острог

Автобус | 4 дена - 2 ноќи / термин: 05 Април 2018

сместување во hotel villa Lux 

   
1ден (четврток)  05.04.18  ШТИП/КУМАНОВО/СКОПЈЕ - БУДВА
Поаѓање од Штип во 21:30 часот пред Новата пошта. Од Велес во 22:15 часот на бензиска Макпетрол (кружен тек под Костурница). Од Куманово во 22:30 на бензиска Макпетрол (автопат). Поаѓање од Скопје во 23:00 часот на паркингот пред VIP хотел (наспроти Скопски саем). Ноќно возење преку Косово и Албанија со паузи за одмор и царински формалности.

2ден (петок) 06.04.18  (св. Стефан) БУДВА
Пристигнување во Будва во утринските часови. Кратка пауза за фотографирање над Св.Стефан (нај атрактивното и нај монденското летувалиште во Црногорско приморје). Сместување во хотел  Villa Lux  во центарот на Будва. Слободно време за одмор или прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град на Будва, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани. Уживање, фотографирање покрај море... Ноќевање.

3ден (сабота) 07.04.18  (факултативна посета на Дубровник) 
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник и Дубровачките градски тврдини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија... слободно време за кафе или ручек покрај море. Враќање во Будва во предвечерните часови. Ноќевање.

4ден (недела) 08.04.18  БУДВА - (Острошки Манастир) - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Во 10:00 часот заминување кон Манастирот Св. Василие Острошки, сместен на висок масивен карпест дел кој претставува најголемо Црногорско светилиште секако и најпосетуван манастир на Балканот. Основан од страна на Св. Василие во 17-тиот век, посетен од приближно 300.000 верници во текот на годината. Моштите за кои се верува дека се чудотворни се наоѓаат во горниот манастир. Слободно време за разглед на Манастирот. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

Цена на аранжманот: 75€ / 4.300мкд

ПРОМОТИВНО !! За уплата до 17 март - 69€ / 4.300мкд

 

 Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со туристички автобус/минибус на наведената релација;
- Посета на Острошки Манастир;
- Попатна посета на Св.Стефан;
2 ноќевања со појадок во хотел Villa Lux  во центарот на Будва;
- организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник.

 Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

- Целодневна посета на Дубровник 10€ (доплата на лице место);
- Доплата за еднокреветна соба +25€;
- Доплата за туристичка такса - 1,5€ од лице од ден (се плаќа на рецепција);
- Патничко осигурување - 160мкд.

 Напомена: 

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- За реализација на факултативата ДУБРОВНИК, потребен е минимум од 30 патници.
- Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени патници да го откаже аранжманот 5 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите или факултативите во програмата.
- За овој програм може да се патува и со лична карта но не и посета на факултативата Дубровник.

 

 За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.