SKI OPENING КОПАОНИК
ЛЕТО 2023 - ГРЦИЈА
Автобуски програми - Будимпешта
Будимпешта

 Будимпешта  

07.12.2022  11.12.2022

(5 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА)

 

ПРОГРАМА

1 Ден (07.12.2022) | СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА            
Состанок со групата во Скопјe. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 Ден (08.12.2022) БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта крстарење со брод по Дунав (факултативно). Враќање во хотел. Ноќевање.

3 Ден (09.12.2022) | БУДИМПЕШТА  

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и се упатуваме на прошетка до живописното гратче Сент Андреа (факултативно), во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање назад во Будимпешта. Вечерта факултативна вечера во национален ресторан Чарда. Ноќевање.

4 Ден (10.12.2022) | БУДИМПЕШТА - СКОПЈЕ

Појадок. Прошетка на градот по познатата улица Ваци или за љубителите на животинскиот свет можност за посета на Тропикариум (http://www.tropicarium.hu). Слободно време за индивидуални активности. По договор со представникот, поаѓање за Скопје. Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје следниот ден во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  129 

 

Во цената на аранжманотe вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадените дестинации;
  • Сместување во хоте 3*, во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок;
  • Професионален туристички придружник од агенцијата;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Будимпешта со локален водич - 15евра;
  • Крстарење со брод по Дунав - 20евра;
  • Посета на Сент Андреа - 20евра:
  • Факултативна вечера во национален ресторан (40еур)
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици;
  • Задолжително патничко - здравствено осигурување;
  • Доплата за еднокреветна соба.

 

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ