SKI OPENING КОПАОНИК
ЛЕТО 2023 - ГРЦИЈА
Истанбул

Истанбул во Ноември за 2ноќи

ПРВ ДЕН(17.11)Четврток

Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето.Турата стартува од паркингот на Вип Хотел околу 15:00 часот од Скопје.Ноќно возење со попатни паузи,царински формалности,презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена.Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање,во врска со точното време и место на поаѓање.Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата,доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

ВТОР ДЕН (18.11)Петок

Пристигнување на групата во Истанбул.

Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж,каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж.Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.Chech in во хотелот е после 14:00 час.

По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот,а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот,а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето во чаршијата.

Историската и филмската населба Балат.По слободното време во Капали Чаршија и околината каде имате многу места за кафе пауза и ручек и по сместувањето во хотелот,групата се упатува на факултативна посета на шарената филмска населба “Балат”чии улички ги има на многу познати филмови,каде најубави фотографии се прават во оваа населба.Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви,меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори.Во склоп на факултативата се посетува железната црква,каде може да се посети гробот на Партенија Зографски и Велешкиот митрополит Малетиј,се посетува Вселенската Патријаршија,а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички.

По посетата на Балат, групата се упатува кон ГАЛАТА ПОРТ, кој претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат.

 

 

 

ТРЕТ ДЕН(19.11)Сабота

По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:

Крстарење по Босфор Ова е крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу.

На оваа тура ќе имаме досега невидено искуство за нашите простори а тоа е  дека покрај крстарењето по босфорот ќе се уатиме кон  (Uskudar) Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Од Ускудар има преубав поглед кон европскиот дел и секако познатата кула Девојачката Кула или Моминската кула (Kiz Kulesi) каде ќе направите фантастични фотографии.

Потоа се упатуваме кон Таксим плоштадот.

 Слободно време за ручек.

 

 

ЧЕТВРТИ ДЕН (20.11)Недела

По појадок во хотелот, одјавување и посета на продавницата КОСКА доколку сакате да купите локум, баклава или традиционално слатко за дома. Од Коска следува време за шопинг во Аутлет 212 во Истанубл. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу 2 ипол до 3 часа слободно време за шопин. По шопингот, поаѓање кон Македонија. Предвидено е пристигнување во после полноќ во Скопје.

 

Сместувањето е во хотели на база на 3* со вклучен појадок.Хотелите се наоѓаат во населбата Аксарај или Лалели,која важи за една од најстарите населби кои постоеле уште во Костантинопол.

Цена 109е

Промо Цена 99е

 

 

Што е вклучено во цената

2 ноќевања во хотел со 3* со појадок

Автобуски превоз Лиценциран придружник

Лиценциран туристички водич

Посета на Капали Чаршија Tуристичка такса

Посета на турската продавница „Коска“

Шопинг во 212 центарот

PCR тест за враќање (За патниците без вакцина)

 

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување

Факултативи излети

Индивидуални трошоци

ПЦР тест за поаѓање (се вадат индивидуално)

 

 
 
Важно

Задолжителна проверка на пасошот.
Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција

Факултативни излети
 
Посета на Балат, Железната црква,Вселенската патријаршија,Галата Порт
Цена 15 евра по лице
Ова факултатива се купува како пакет а во сеа се вклучени Балат со влез во „Железната црква“, Вселенската Патријаршија, Галата порт. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Во склоп на факултативата се посетува железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски, се посетува „Вселенска патријаршија“, а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Едно од иконите и најфотографираните места во Истанбул се куќите во улицата Киремит. Куќи насликани со пастел кои создаваат жива улична сцена. Тоа е толку тивка и релаксирачка област за престој, помеѓу локалното население, далеку од зафатениот град. По посетата на Балат, групата се упатува кон ГАЛАТА ПОРТ, најновото шеталиште во Истанбул кое потсеќа на шеталиштете во Солун. Групата ќе има слободно време за прошетка и индивидуални активности. Следна посета е населбата Ортаќој. Голем дел од жителите сметат дека ова место е најдобро место каде што можете да го доживеете Босфорот и направите најдобрите фотографии покрај Босфор, нормално во позадина го имате босфорскиот мост и Ортаќој џамијата. Сите филмови што се снимени во Истанбул, на сите има сцени од ова место.
Пакет 2 (Крстарење по Босфор,Берлебеј,Ускудар и Таксим)
цена 60е по лице
Крстарење по Босфор Ова крстарење преставува уживање на каналот кој ги спојува Црното и Мраморното Море, а ги дели Европа и Азија. Поминуваме под двата моста кои ги спојуваат Европа и Азија, под мостовите Босфор и Фатих Султан Мехмет мостот. Она што е особен интересно е што ќе имаме прилика одблизу да ги видиме луксузните вили на најбогатите луѓе кои вредат милиони, а ќе видиме и некои од куќите каде се снимани познатите турски серии. Прекрсано крстарење кое ќе ви остане во сеќавање, а нашиот водич ќе ви раскаже буквално се и така ќе го доживеете Босфорот на вистински начин. Со бродот се продолжува кон паркот на лалињата или Emirgan Park. Истанбул во месец април е преполовен со лалиња, групата ќе го посети најголемиот и најпознатиот парк. Слободно време за кафе. Наредна посета е местотоУскудар кое се наоѓа на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.  бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер.

ВИП пакет цена по лице 70е

Ги опфаќа сите факултативи