ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
Авионски Програми - Виена 13.12-15.12
Виена 13.12-15.12

ПРЕДНОВОГОДИШНА МАГИЈА

Божиќен базар во ВИЕНА

13.12.2019 – 15.12.2019  / 3 дена / 2 ноќевања

Од средината на ноември до Божиќ, најубавите градски плоштади во Виена се претвораат во волшебни Божиќни пазари. Аромата на Божиќните пекарски производи и ароматичните топли напитоци, создаваат неповторлива предновогодишна атмосфера.Еден од најпознатите Божиќни пазари и со најдолга традиција е “Vienna Magic of Advent”, кој  плоштадот пред Градското собрание го претвара во сјајна бајковита земја. Ве чекаат Божиќни подароци, украси од дрвја, слатки и топли пијалоци, рингишпил, како и забавни Божиќни работилници за деца. Дрвјата, излозите ... се во околината е празнично украсено и зрачи со воудушевувачки сјај – Виенска предновогодишна магија – ДЕФИНИТИВНО НЕ СЕ ПРОПУШТА !!!

1 Ден: Скопје – Братислава – Виена  (петок - 13.12.2019)

Состанок на групата на Скопскиот аеродром во 17:40 ч.Полетување кон Братислава во 19:40 часот. Пристигнување во Братислава во 21:10 часот при што следува оргранизиран трансфер до хотелот во Виена. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 Ден: Виена ( сабота - 14.12.2019)

Појадок во хотел. По појадокот се упатуваме кон центарот на градот (јавен превоз). Можност за факултативен пешачки разглед со локален водич: Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Во попладневните часови можност за посета на некои од трговските центри и секако најголемиот и најпознат божиќен маркет во срцето на Виена. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

3 Ден: Виена - Братислава - Скопје (недела - 15.12.2019)

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Предлог факултативна посета на дворецот Шонбрун (со јавен превоз), каде што се наоѓа уште еден од многуте Виенски предновогодишни базари. Пред една империјална позадина е организиран базар кој нуди традиционални ракотворби, рачно изработени Божиќни украси, Божиќни работилници. За љубителите на историјата и уметноста може да се организира посета на просториите на дворецот. Во договорено време, со организиран трансфер тргнуваме  назад кон Братислава. Полетување кон Скопје во 20:25 часот и слетување во 21:55 часот.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 199 € (12.338 мкд)

Ограничен број на места!!

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Братислава - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Мала кабинска торба (РАНЕЦ/ТОРБА) до 8кг и максимални димензии 40x30x20;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел - 2 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Трансфер аеродром – хотел- аеродром;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси по лице се 3.100 денари,
  • Доплата за 20 kg багаж (куфер)
  • Доплата за еднокреветна соба
  • Туристичка такса
  • Патничко осигурување
  • Пешачки разглед на Виена со локален водич – 15 Eur.
  • Влезница во Шонбрун со аудио водич - (пријавување за факултативата во агенција, не се гарантира достапност на влезница на лице место)

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот и копија од важечка патна исправа.
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот5 дена преддатумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ